Проект за нова топловодна мрежа во повеќе населени места во Гази Баба

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски и генералниот директорот на ЕЛЕМ, Христијан Мицковски, денеска во населеното место Хиподром го промовираа проектот за проширување на топловодната мрежа на „ЕЛЕМ Енергетика“ во повеќе населени места во општината.– Со овој проект е предвидена поддршка и субвенционирање на изградбата на потстаниците, примарната и секундарната топловодна мрежа, како и мрежата за греење во самите објектите за колективно домување. Потстаниците, примарната и секундарната мрежа ќе биде изградена од АД ЕЛЕМ, Градот Скопје и Општина Гази Баба, односно ќе се изградат и инсталациите во самите станови, а потоа граѓаните ќе ја отплатат на повеќе рати. Сметам дека овој проект ќе предизвика голем интерес кај граѓаните, а со овој проект ќе се опфатат околу 1 050 домаќинства – кажа градоначалникот Трајковски.
Генералниот директор за АД ЕЛЕМ Мицковски истакна дека ова е еден од големиот број проекти кои тие како претпријатие ги реализираат во насока на стимулирање на граѓаните што повеќе да се приклучат на топловодна мрежа во границите во Скопје.
– Проектот го работиме повеќе од една година, и првичните анкети направени помеѓу жителите на овие неколку населби покажаа дека постои голем интерес за приклучување на нашата мрежа за централно затоплување на домовите. Во моментов се работи на изготвување студии и проекти за изведбата, и очекувам истите да завршат до крајот на август, по што ќе се распишат јавни набавки за изведба на овие мрежи. Она што АД ЕЛЕМ го презема како обврска е да обезбеди бескаматно кредитирање за изградбата на топловодните инсталации во самите домаќинства, изградбата граѓаните ќе ја отплаќаат на повеќе години, а цената ќе биде пресметана во сметките за греење – кажа генералниот директор на АД ЕЛЕМ, Мицковски.
 – Со овој проект е предвидена поддршка и субвенционирање на изградбата на потстаниците, примарната и секундарната топловодна мрежа, како и мр

Пронајдете не на следниве мрежи: