Освежувачи за воздух за во автомобил на кои е испишана пораката ““Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил” на возачите низ Кисела Вода им делеа претставници од Општина Кисела Вода, Одделението за превенција при СВР Скопје и ПСОН-Кисела Вода Активностите се дел од проектот за подобрување на општата безбедност на граѓаните и нивниот имот кои заеднички го спроведуваат овие институции. Покрај советите за превенција кои ги добија возачите, вакви освежувачи со порака, беа оставени и на голем број паркирани возила кои често се мета на криминалците. Покрај наведените активости за подигнување на свеста кај граѓаните во наоска на превенција од тешки кражби, беше одржана и средба со претставници на месните и урбаните заедници, на која присуствуваа и претседатели на куќни совети од повеќе згради од општината. На истата, се дискутираше за превентивните мерки што треба да се превземат за заштита на домовите од кражби и беа поделени летоци со конкретни совети кои потоа беа залепени на влезовите во зградите. Спроведувањето на проектот и соработката на Општина Кисела Вода со Одделението за превенција при СВР Скопје и ПСОН-Кисела продолжува и во наредниот период. Активностите се дел од проектот за подобрување на општата безбедност на граѓаните и нивниот имот кои заеднички го спроведуваат овие институци
Пронајдете не на следниве мрежи: