Проектите кои ги превзема Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се проекти од кои бенефит видоа сите граѓани во Македонија

Проектите кои ги превзема Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се проекти од кои бенефит видоа сите граѓани во Република Македонија. Како што голем број симпатизери на СДСМ можеа да ги искористат бенефициите од досегашните бројни проекти, така и голем број членови на СДСМ ќе имаат можност да го искористат и мегапроектот Купи куќа за млади. 
Впрочем сите мерки и проекти кои се превземени во изминатиот период од работењето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се во корист на сите граѓани без разлика на нивната политичка ориентација, без разлика на верската или национална припадност. Така било до сега така ќе биде и понатаму. Затоа граѓаните му веруваат на ВМРО-ДПМНЕ и му ја даваат поддршката на 9 изборни циклуси по ред.
Овој проект е во правец на исклучителна поддршка за младите во Македонија, нешто што СДСМ никогаш ниту го помислила да го спроведе кога имала можност тоа да го направи. Граѓаните паметат колку чинеше студирањето во време на СДСМ, како не се субвенционираше вработувањето на младите, а уште помалку се овозможуваа услови за стекнување на сопствен дом на младите во Македонија. Сето ова е доказ за неуспехот на СДСМ во водењето на политиките за млади.
СДСМ се замаени од својата омраза и немаат доблест да поздрават ниту еден проект на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Бидејќи не знаат да конкурираат со идеи и проекти, тие секојпат по правило водат деструктивна политика полна со манипулации и лаги.
Изборите на 24-ти април ќе бидат освестувањето на СДСМ. Дотогаш нека се гушат во својата жолчност и нервоза.
  
Впрочем сите мерки и проекти кои се превземени во изминатиот период од работењето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се во кор

Пронајдете не на следниве мрежи: