Нападот на УЧК врз полициската станица во Гошинци претставува само вовед во ескалацијата на конфликтите во Македонија и на целиот Балкан, пишува „Блиц“.Два одделни напади на УЧК врз македонските институции во изминатите две недели (бомбата пред зградата на Владата и заземањето на полициската станица во Гошинци), се знак дека тензиите можат да ескалираат.
Историчарот Чедомир Антиќ истакна дека ситуацијата на западот од земјава би можела дополнително да се влоши.
„Албанците се единствената нација на Балканот која во последниве 200 години не успеа да изгради вистинска национална држава, за разлика од останатите земји во регионот. Истовремено, тие уживаат во големата поддршка од страна на САД, Велика Британија и Германија, без која не би успеале сами да ги остварат своите цели на Косово и во западна Македонија“, рекол Антиќ од Напредниот клуб.
Според неговата проценка, ситуацијата во Македонија до некаде е под контрола, благодарение на политичката интервенција од странство. Меѓутоа, поради целта за создавањето на „Голема Албанија“, страстите не стивнуваат.
„Економската ситуација буди сеќавања на деведесеттите, кога косовските и албанските лидери создадоа моќ. Токму тие сега ја заговараат идејата за Голема Албанија. Создавањето на Република Илирида среде Скопје е знак за нивните претензии и дека нема да запрат“, додава Антиќ.
Проф. Владимир Пивоваров, поранешен шеф на македонската Воена разузнавачка и контраразузнавачка служба, предупредува дека проектот „Голема Албанија“ перманентно се исполнува, додека Меѓународната заедница мудро молчи.
„Овој проект во наредните етапи ќе биде насочен кон Србија, Црна Гора и Грција, кадешто веќе сега се создаваат предуслови за негово исполнување. Последната изјава на албанскиот премиер Еди Рама, покажува дека тој јавно заговара спојување на Косово со Албанија и загрижувачки факт е тоа што реакцијата на Меѓународната заедница потполно изостанува“, вели Пивоваров.Два одделни напади на УЧК врз македонските институции во изминатите две недели (бомбата пред зградата на Владата и заземањето на полициската станиц