Проектот „Странски експерти за домашни компании“ во вториот циклус

24 домашни компании веќе искористија странска експертска помош во рамки на вториот циклус од владиниот проект “Странски експерти за домашни компании”, а за уште 10 се договорени експертите кои ќе пристигнат во следниот период, во термини кои се договорени помеѓу самата компанија и странскиот експерт.Паралелно со ова тече и процесот за изнаоѓање на странски експерти и за останатите домашни компании кои аплицираа на вториот јавен повик од овој проект. Од Владата информираат дека за сите одобрени апликации процесите за изнаоѓање на странски експерти се во фаза на реализација и интенција е да се изнајдат експерти од областите за кои домашните компании изразија интерес за подобрување на различни аспекти од своето деловно работење.
Од досега реализираните и договорени 34 странски експертски мисии во домашните компании, 18 експерти се ангажирани организацијата Пум од Холандија, 6 од швајцарската организација Свис, 5 од германската Сес, 4 експерти од ЕБРД и 1 експерт од австриската компанија Асеп.
Новина е и фактот дека во рамки на реализацијата на овој проект во употреба е ставена и веб страната www.stranskieksperti.gov.mk преку која сите заинтересирани домашни компании можат подобро да се запознаат со условите за учество во проектот, придобивките и искуствата на компаниите кои без поголеми трошоци веќе искористија странска експертска помош како и со деталните информации за структурата и дејноста на компаниите што се опфатени досега во рамките на двата циклуси од овој проект. Дополнително, преку оваа веб страна е овозможено при наредните повици компаниите и електронски да аплицираат што претставува и дополнително олеснување за домашните компании.
-Веб страната претставува дополнителен начин за приближување на проектот до бизнис заедницата и информирање за условите, можностите, особено за придобивките кои што ги имале компаниите кои биле учесници во претходните циклуси од проектот, а пред се се карактеризираат низ подобрување на процесот на производство, профитабилноста, обезбедување на поквалитетен маркетинг, обезбедување на нови пазари, вработување и подобрување на останатите економски перформанси. Токму тие информации можат да послужат како добар момент за сите оние преостанати десетици компании кои се корисници на проектот во вториот циклус кон точно таргетирање на деловната цел која што сакаат да ја остварат, но и сериозна мотивација за сите останати компании да размислуваат за учество во следните циклуси од овој проект кој што би ги реализирале и на тој начин би придонеле за подобрување на нивните деловни политики и успеси, истакна портпаролот на Влада на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев.
На веб страната може да се забележи дека странска експертска помош имаат користено компании со најразлични дејности, како што се производство на храна и прехранбени производи, производство на вино, текстил и останати производи за секојдневна потрошувачка, до ИТ компании и компании од различни услужни дејности.
Ваквите примери претставуваат дополнителна потврда дека секоја домашна компанија може да ги искористи поволностите од проектот и со тоа директно да добие позитивен ефект со своето работење односно дополнителен раст во дејноста а со тоа и дополнително зголемување на профитабилноста на компанијата.
Во тој контекст се и резултатите на компаниите кои беа вклучени во првиот циклус на овој проект, од кои според известувања од самите компании по 45% од компаниите добиле подобрени производствени процеси или пак маркетинг планови, а 10% од учесниците обезбедиле подобрена анализа и планирање.
Дури 86% од домашните компании што ја користеле оваа поддршка се изјасниле дека би имале и повторна потреба од ангажман на ваков вид експертска помош.
Над 80% од компаниите истакнале дека странската експертиза им помогнала во обезбедување на нови работни места и ширење на капацитетите.
Токму затоа од Владата информираат дека со реализација на овој проект ќе се продолжи и во идниот период преку нови циклуси и објавување на нови повици.Паралелно со ова тече и процесот за изнаоѓање на странски експерти и за останатите домашни компании кои аплицираа на вториот јавен повик од овој пр

Пронајдете не на следниве мрежи: