Предлагам Агенцијата за вработување во формуларите за тие што бараат рабата да ја земе предвид македонската реалност и да ја озакони професијата револуционер – хулиган во сите овде прикажани варијанти.Од молерисување фасади со куртон техника, интервенција во просторот од блиску (т.н. Бошко Буха зафат) или од далеку со катапултирање на бојата (средновековен стил) преку изработка на револуционерни слогани, па кршење стакло како звучен ефект, крадење, односно, приватизирање илити револуционерна пљачка „бонус“, плус адреналинска дренажа и ментална терапија преку тепање и навреди на непријателот кој тврдоглаво не ве изнајмува за молерај. Професијава веќе си има своја политичка фирма и сопствен синдикат со утврдена цена на трудот, па може уште од сега да преговара како социјален партнер и со хунти и со демократски власти за условите во кои својот трудоинтензивен максимум ќе го даваат револуционерите професионалци. Мислам, тука на работната недела, условите за производство и изведба, цената на трудот кога газда Сорос ќе затаи и слични работи. Примамливоста на оваа професија е во тоа што за неа не ви треба функционален мозок, применливо знаење, етичност, психостабилност, општествена одговорност. Доволно е токму обратното. Да си неограничено штрапана тутурутка. Ах, да! И да си обележан со бар код. Оној де, што веќе наголемо го рекламираат американските „мејнсрим“ медиуми зашто се ближи 2017 година кога стапува во сила законот што го потпиша Барак Обама за вградување на идентификациони чипови на човеците. За да не се загубеле на планетава.
Дозволете ми да забележам дека со оваа професија работа може да се најде само во Македонија. Оти во светот е суфицитарна. Вакви револуционери арамолепци и легачи има во секоја држава која не успеала да изгради солиден систем на вредности. Kако работна рака нив ги ангажираат мега криминалци и секакви служби за изведба на валкани работи. Ем се глупи ко ноќ ем поводливи празноглавци без карактер и личност, ем се неспособни за самостоен живот (паразити). Подобра инвестиција во куп ѓубре, здравје! Башка можеш генетски да го рециклираш. Во нашиве револуционерно молерски редови се појасно ја гледам втората генерација со ваков талент. Од тато и мама, талентите и вештиниве прешле на син и ќерка. Гледам дека занаетов станал веќе семејна револуционерна мануфактура.
Фрчко се гордее со потеклото на прадедо му кој имал зографска тајфа и оп, решил да ја продолжи ,,традицијата“ со куртонски експресионизам во кој ги вклучил децата си. Што е доказ дека крушки паѓаат по круша. Од генот напросто не се бега! Освен кога мутира преку револуционерен скок. И затоа нашите стари секогаш гледале и проверувале нечиј сој до деветто колено, пред да дозволат врска која ќе ги сврзе крвно. На многу од овие млади молери им ги познавам родителите. Тие, мама и тато и во младост беа мутави. И тогаш друштвата ги избегнуваа овие припадници на ,,угледни“ родители со втиснат бар код за исправност и квалитет на единствената партија. Што ќе рече ,,демократи“ до коска. Во нивно време критериумот за евалуација се викаше демократски централизам и плурализам во рамките на социјалистички сојуз. Kако што родителите на денешниве револуционерно-соросоидни бројлери беспоговорно лапаа директиви и рецитираа слогани зададени од центарот во Белград, така и нивниов пород, под команда на Вашингтон и Брисел денес ,,војува“ со нормални луѓе кои својот мозок не го предаваат на туѓа управа.
Гротескно е што штрапаниве револуционери за својата ,,револуционерна“ дејност се платени. Се работи за уникатен феномен во долгата историја на човештвото. За антиквизација на лажното претставување, односно, за наменска промена на идентитетот. Ги чекам Грциве кога – тогаш да и писнат на ЦИА што им ги погани митовите и митолошките ликови. Од Одисеј денес стана пачавра, тројанскиот им коњ општа заебанција, а еве го сега на ред и Зевс, познат по своите мангупски сексуални походи во опчекорување на нормални простосмртнички кои можел да ги силува само кога спиеле и преправајќи се во животно.
Ординарен платеник, легионер, изнајмен снајперист, ловец на глави да се претставува јавно како револуционер, никому тоа до сега не му текнало, оти знае дека тоа нема да пројде како кредибилност. Впрочем, затоа рационалниот Алекса Жуњиќ од ,,Сомнително лице“ се претставувал како околиски шпион, а не интелектуалец или професор како Мирјана Најчевска. Професионална хулиганка е далеку посоодветно. Истренирани и издресирани антиталенти кои заседнале во божемски медиуми како новинари, ама такви што не умеат да напишат ни вест, а камоли нешто покомплицирано, се сплотија во медиумски дувачки оркестар со кој диригира Сорос и УСАИД. Од за мене непознати причини се гневни на народов што е незаинтересиран за музиката што ја произведуваат. Демек, тврд е на уши за нивната авангардна хармонија и мултимедијален „перформанс“.
Почитувани, овој пат предлагам да ги поканиме македонските ликовни уметници да конкурираат за изработка на споменик што ќе ги овековечи платениве револуционери, односно, некоја секвенца од нивната револуција која им се врежала во сеќавањето. Мене на пример особено ме импресионираа бомбашките напади на Фрчкоски, Kалајџиев, НВО-верзијата на Мара Бунева, другарката Мирјана Најчевска, која може слободно да се истретира и како римејк на Едгар Дега „балерина“. Па, сепак, „другарице и другови“ од големата бројлер фарма на Сорос и одгледувалиштето на подрумски печурки на ЦИА и УСАИД, ќе се согласиме сите (ете ни консензус) дека споменик кој ќе го овековечи мигот на ритуално фрлање бомби на Заев и Шекеринска проследен со славодобитна насмевка и аплауз на истакнати куртон револуционери е најдобар начин да им се одолжиме. Симболично! Да го поставиме заеднички пред Павиљонот на шарената револуција. Kако ултрамодерен анекс на Музејот на револуционерна борба. Во него, на посебно место во аулата да стои пораката на легендарниот Црпко (ебате курата среќа, светот го имаше Че Гевара, а на Македонците Зоран Заев им се самопрогласи за сонце на слободата) која гласи: „Ова денеска, како перформанс на сите нас хулиганите и хулиганките, составен дел на оваа шарена револуција, беше чин на солидарност кон сите овие другари и другарки кои се под мечот на неправдата и репресијата на оваа власт“.
Видиш ти каква кристално јасна речитост се излеа од револуционеров. Заевите револуционерчиња со шарени марами и куртон на глава ќе ја рецитираат пред почетокот на учебната година. Оти не бил тој шарен само по боја. Нему му се измешале и лончињата и времињата и идеологиите. Што да ви расправам! Нема што нема во ова суштество! И има право првиот дудук Геровски кој секогаш кога ќе му зариба револуционерниот оркестар, во лутина им се обраќа на диригентите. Тој порачува дека нема муабет со тапаци кои немаат чувство за револуционерна „лепота“ и хармонија. Се согласувам во целост. И во една полемика со него сум му кажала исто. Сорта која живее во баруштина, во полумрак и ава исполнета со јаглен двооксид, а крека во хор и по директива, нема ништо заедничко со сорта која живее на сонце, дише кислород и пие чиста изворска вода. Слободни луѓе немаат ништо заедничко со бројлери и транширано месо со втиснат бар код. Фашисти и антифашисти по природа на работите не можат да остварат соживот на еден простор.
Во таква ситуација исходот е фронтален судир до победа. Пошто животот е со посилна аргументација и мотивација од ништавилото, однапред е предвидлива и победата. Парите од странските газди воопшто не се фактор, уште помалку „ишју“. Тема е целта на платената револуција. Таа не е кредибилна, па затоа е уште еден глуп перформанс на плиткоумни натуршчици кои аргатуваат за дневници и сатници. Kаков меч на неправдата, какви рендани рдокви, какво стенкање под репресија бре! Ајде сиктер на летен одмор и 24/7 журкање, па од есен пак, онака „опаљени сунцем“ револуционирајте. Оти друго и онака не знаете да работите. Патем, смешно е токму вие, арамолепци и паразити кои не можете ни да се прехраните ако некој не ви даде готова манџа, да плачете по оние способни и талентирани кои се конкурентни и како такви, без врски успеваат во светот. А нам ни е јасно дека токму затоа сте заседнале овде. Никогаш никому што е талентиран и способен не сте му дале поддршка. Оти од таквите се плашите. Kако огледало сте во кое ја гледате сопствената ништожност.
Дури ни газдиве што ве плаќаат не ве прибираат кај нив. Чуму сте им? Тие, револуционери како вас, домашна куротресина, лиферуваат низ светот во секакви „мисии“ за да не им седат по дома како трошок. Само овде за беља имате употребна вредност. За газдите да измеќарувате, а за нас, нормалните, да ве покажуваме на ученици и студенти како општествена девијација која нужно ќе изумре. Оти на светската „берза на трудот“ ваква фушер револуционерна работна рака не е на цена. На цена се работници кои градат облакодери за три недели, мостови за три дена, острови за една недела. Такви што измислиле и се подготвуваат за производство на мобилни подземни железници, оние кои креваат кинески ѕидови под Јужното Kинеско Море, такви кои веќе градат железница под Антарктикот… Вие, целосно неверодостојни, неграмотни интелектуалци, полуинтелигенти со фалсификувани дипломи, куртони со фабричка грешка кои служат само за поликолорно фарбање на сопственото паразитско ништавило, само драпајте колчишта!
Пишува: Мирка Велиновска за ДневникОд молерисување фасади со куртон техника, интервенција во просторот од блиску (т.н. Бошко Буха зафат) или од далеку со катапултирање на бојата (сре