ПРОФЕСОРСКА ПРАВДА

Животот навистина е тркало. Настаните кои во еден момент свесно и режирано од пленумските професорски душегрижници за “одбрана” на квалитетот во високото образование ме ставија на тапетот на критичкиот суд,две години потоа, со свртено тркало и со дополнителни аргументи и докази во одбрана на мојата теза дека корупција и финансиски малверзации во високото образование има, би требало да се срамат од себе. 
Најжолчните противници на реформите во високото образование пред две години, денес исправени пред сопствената немоќ да одбранат инфлагранти фатена корупција повторно се ставаат во одбрана на универзитетската автономија.Кога немаш каде, кога си фатен на дело, викај ја на помош автономијата. Небаре таа е добрата вила што со само еден удар на стапче ќе ги избрише сите проблеми и процеси наталожени со децении. И повторно наместо да им погледнат на проблемите во очи и наместо дабараат решенија за спас од самоволието и хаосот на неколкумина во високообразовниот систем, тие одлучуваат како по навика да секријат зад автономијата, и спасот од сопствениот срам да го бараат вонормите, а не во суштината на проблемите. И повторно ни се случува класична злоупотребана универзитетската автономијазаради лични интереси и лукративна жед на неколкумина професори промени да нема се додека тие го молзат системот за свои интереси и цели. Автономијата како параван зад кој треба да се брани бескрупулозната алчност на луѓето што треба да бидат ставени на ѕидот на професорскиот срам.
Автономијата на универзитетот сфатена како улична корпа за отпадоци отворена за сите, но ексклузивно заштитнички поставена за неколкумина “одбрани” и недопирливи професори на кои се треба да им биде дозволено. Ете тоа е нивната дефиниција на автономијата. Истата плоча, истите срамни повикувања на единствената сламка за спасот како пред две години. Истите актери, истите пируети, само во друго време и со дополнителни докази за тоа колку еитнапотребата од реформи. Последниот повик до сите инволвирани во високото образованиетреба да произлезе од нас, некорумпиранитепрофесори, и да гласи, да се реформираме додека не е предоцна, да покажеме солидарност за правдата и за правото, а не за негативните појави кои можат единствено да неудават во срамот и бедата што тие ја носат. Да не удават во се поприсутното лицемерие. Не смееме да дозволиме високото образование да биде колатерална штета на појавитедостојни само за презир и осуда. Иако пред две години имавме одлична можност отворено и без политикантство да зборуваме за проблемите и проблематичната реалност во која работиме, и сега не е доцна вистината да ја погледнеме во очи и да се освестиме во кој правец сме кинисани.
Ајде отворено да зборуваме за купувањето оценки, за начините и методите како тоа се прави, за купувањетодипломи на сите нивоа (додипломски, магистерски, докторски), за сите присутни облици на мито и корупција, за скриениот, но и за отворениот мобинг што се врши меѓу нашите колеги, за интимните поврзаности и врските што се тераат меѓу помладите и постарите колеги заради непречено и мирно унапредување во професорската кариера, за сексуалните услуги што се бараат од студентите, за “робовската” поставеност на помладите кон постарите професори, за тој очаен и срамен робовладетелски систем што царува во академската заедница, за пишувањето трудови од страна на помладите колеги во интерес на постарите професори и секако за “обврска” на постарите само да се потпишат на нешто што воопшто го немаат ни прочитано, а камоли напишано, за користењето на студентските семинарски и проектни задачи кои им носат преодна оценка на студентите како учебникарски авторски труд на професорот, за користење и злоупотреба напрофесорската позиција за добивање различни услуги во системот и за многу други прашања кои ги знаеме, свесни сме дека постојат, но одлучуваме да молчиме заради удобниот конформизам кој годи на сите сетила. Ако не сме подготвени да ги искорениме овие појави, тие ќе не проголтаат нас.
Корупцијата и канцерозните појави кои брзо се шират во високообразовниот систем ќе ги уништат и квалитетните и успешните процеси што постојат во системот. Ќе ги уништат и едукативните перспективи на младите генерации кои учат од нашите поведенија и од нашите примери.За почеток, масовно да ја поздравиме преземената акција на МВР и на јавното обвинителствона Економскиот факултет, со отворен повик истата да не биде последна, туку континуирана акција во насока на откривање и сузбивање на корупцијата во високото образование. За корупцијата, како и за другите посочени проблеми не треба да зборуваме генерално, воопштено, а уште помалку во ракавици. За негативните дејанија и процеси, за финансиските малверзации и злоупотреби во високото образование потребно е да зборуваме јавно и гласно. Потребно е и студентите активно да се вклучат во процесите, бидејќи нивните информации ќе бидат од голема полза за благовремено и целосно разоткривање на штетните и опасни појави присутни во високообразовниот систем. Академската заедница не смее да дозволи да остане заглавена во времето на робовладетелскиот систем каде робовладетелите царуваат и експлоатираат, а робовите работат и молчат. Да го кренеме гласот во одбрана на правдата и на вистинското знаење, во одбрана на науката и наквалитетното образование на студентите, во интерес на студентите, но пред се, во интерес на развојот на Република Македонија.
Пишува: Тања Каракамишева- Јовановска
  
Најжолчните противници на реформите во високото образование пред две години, денес исправени пред сопствената немоќ да одбранат инфл

Пронајдете не на следниве мрежи: