Градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски, претставници од општината, директори на основни училишта, истакнати спортски работници и родители, присуствуваа на заокружувањето на спортските активности во спортската сала Методија Андонов Ченто во н.Маџари, во рамките на училишните спортски лиги, организирани од општинскиот сојуз на училишен спорт на Гази Баба, a поддржани од општина Гази Баба.Градоначалникот се обрати пред присутните, ги поздрави младите и успешни учесници и им посака и во иднина да продолжат да бидат истрајни во желбата да бидат спортисти и да бидат уште поуспешни. Toj изјави дека за наредната година се издвоени средства во висина од 500 илјади денари за нови реквизити и спортска опрема,за учесниците во училишните спортски лиги. На сите првопласирани екипи и поедници од лигите и турнирите кои се организираа во учебната 2015/2016 година, општината ќе им организира еднодневна екскурзија низ Македонија.
Градоначалникот на г-ѓа Милевка Андоновска во знак на благодарност за голем придонес, развој и ангажман во училишниот спорт и додели плакета.
Познати и признати личности од областа на спортот беа дел од овој настан, и тие ги доделија пехарите на најдобрите и дипломите на сите учесници.
Листата на учесници кои добија пехари и дипломи можете да ја погледнете на следниот линк.Градоначалникот се обрати пред присутните, ги поздрави младите и успешни учесници и им посака и во иднина да продолжат да бидат истрајни во желбата