Јаворка: Ме виде како лежам и ми рече: „ Баки, па ти си жива“, ме прескокна и влезе во собата на својата мајка, слушнав пукање….
Јаворка Богдановиќ, сопругата на масовниот убиец од Велика Иванча, за првпат проговори по стравотниот масакр кај Младеновац, во кој загинаа 13 лица. Љубиша Богдановиќ, на деветти април, од непознати причини, отвори оган врз својата сопруга, го уби синот Бранко, а потоа усмрти уште 12 роднини од соседството. На крајот и себеси си пресуди.
Шеесетгодишната Богдановиќ, за Телеграф.рс, вели дека жали што и таа не завршила во гроб заедно со синот и со останатите роднини.
– Не знам зошто уби толку луѓе. Навистина немаше повод, ниту причина. Ништо на укажуваше дека ќе го направи тоа. Никогаш нема да се заборави. Засекогаш ме жигоса, нашите две ќерки и сите наши потомци – раскажува низ солзи Јаворка Богдановиќ.
Сопругата на убиецот вели дека болката во душата и понатаму е еднакво силна како пред три месеци.
– Жалам што Љубиша не ме уби! Секој ден ми доаѓа да ископам гроб крај синот Бранко и да легнам. Жал ми е за сите луѓе! Сите дишевме како еден, а сега… Поцрно не може да биде. Си го уби најблиското – вели нажалената сопруга.
Богдановиќ вели дека медиумите објавиле многу лажни информации за нејзиното семејство и оти пред убиството немало расправија во нивниот дом.
– Љубиша и Бранко беа во шталата и сè беше в ред. Го слушнав Љубиша како го прашува Бранко дали ќе вечера. Легнавме в кревет, а в зори Љубиша влезе во мојата соба и вклучи светилка. Се разбудив и го прашав колку е часот. Ми рече: „5 и 15. Баки, дојде крајот на нашите маки!“ Во прв момент не сфатив што зборува. Видов дека во раката држи пиштол, но помислив дека е играчка од внуците. Ме гледаше и ми рече: „Прво тебе ќе те убијам, за да не кажеш некому. Потоа уште некој ќе убијам, потоа Бранко, кога ќе тргне на работа, и на крајот себе – раскажува Богдановиќ.
Убиецот ја застрелал сопругата во образ.
– Паднав на креветот и се онесвестив. Не знам колку долго лежев. Потоа станав и тргнав кон бањата. Со јаката од ноќницата ја притискав раната. По извесно време почнав да сфаќам што се случува околу мене. Тогаш Љубиша повторно влезе во куќата. Ме виде како лежам и ми рече: „Баки, па ти си жива! Ме прескокна и влезе во собата на својата мајка. Слушнав пукање. Лежев и од страв не можев да се помрднам. Устата ми беше сува и одвај дишев. Повторно ме прескокна и влезе во бањата. Слушнав како ги мие рацете – раскажува единствената преживеана во масакрот во Велика Иванча.
извор:телеграф.мкЈаворка: Ме виде како лежам и ми рече: „ Баки, па ти си жива“, ме прескокна и влезе во собата на својата м