Произведени се лижавчиња со вкус на мајчино млеко

Компанијата „Лолифил“ од американската сојузна држава Тексас произведе лижавчиња со вкус на мајчино млеко, за кои верува дека ќе наидат на добар прием кај родителите со мали деца.
Основачот на „Лолифил“, Џејсон Дарлинг изјави дека новите лижавчиња не содржат вистинско мајчино млеко, туку дека се изработени од пченкарен сируп, шеќер и аромати.
Комплет од четири лижавчиња се продава по цена од 10 долари и според Дарлинг, како што јави ДПА, само во првите неколку дена од продажбата на новиот прозвод компанијата заработила „неколку илјади долари“.Компанијата „Лолифил“ од американската сојузна држава Тексас произведе лижавчиња со вкус на мајчино млеко,

Пронајдете не на следниве мрежи: