Проклетиот автопат кај Нова Градишка: Детски плач и жена во црно ја најавуваат смртта

На кобниот автопат кај Нова Градишка на возачите често им се присторува како стои жена облечена во црно, слушаат детски плач во далечина, радиото одеднаш се гаси и невидлива сила управува со автомобилот…Во Хрватска има многу сведочења за појавувањето на духови. Се појавуваат во разни облици – сенки кои поминуваат, чудни знаци, привиденија во огледало, контури во мракот…Најчесто тоа се духови на покојни души. Ова се легенди  за вампири и демони кои ја заледуваат крвта во жилите.
Мирна летна ноќ. Сообраќајот на автопатот е редок. Чат-пат може да се сретне по некој автомобил. Трочлено семејство патува од Винковац кон Бања Лука. Таткото вози, а мајката и ќерката се обидуваат да заспијат.
– Се сеќавам како да беше денес. Околу 23 часот татко ми одеднаш закочи. Застанавме шкрипејќи со гумите. Пред нас на асфалтот имаше јастук. Во него имаше бебе. Се слушна детски плач, вели жената која тогаш во 1978 година имала 8 години.
Татко ми го изгаси моторот на автомобилот но ги остави вклучени фаровите. Излезе од автомобилот и полека чекореше кон јастукот. Се наведна да го подигне…
– Исчезна, јастукот и бебето во него едноставно исчезнаа. Татко ми се врати во автомобилот. Во тишина продолживме со патувањето. Дури по неколку километри, татко ми ни рече на мене и на мојата мајка дека за ова не треба на никого да кажуваме, – раскажува жената која неколку пати на тоа место на автопатот кај Нова Градишка Слушнала детски плач.

 

Возачите често се жалат дека на тоа место кај Нова Градишка доживуваат неверојатни работи како гасење на радиото, чувство на парализа, губење концентрација и чувство како некоја виша сила го влече автомобилот во сосема друга насока.
А освен што се слуша детски плач, возачите говорат и за црниот приказ кој се појавува на улицата и исчезнува во ретровизорот.
Во записниците на полицијата за несреќите на тоа место, возачите на судските вештаци велат дека незнаат како дошло до сообраќајката. По деталниот преглед на автомобилот, автомеханичарот утврдил дека отпаднал ваљакот на уредот за управување. За тој ваљак да излезе, потребно е по него да се удри со тежок чекан.
А возачот на камионот раскажал дека возејќи, на сред улица здогледал како стојат луѓе. Застанал, излегол од камионот, но улицата била празна.
– Не бев уморен. Возев 100 километри на час. Но тоа не се случува прв пат. Ми се повтори истото уште еднаш.
Одоздола има силни магнетни полиња и подземни води?
Иако официјално не е потврдено, поголемиот број експерти (полицијата, геодети, проектанти…)веруваат дека таму има јаки магнетни полиња. Поголемиот број луѓе кои на таа делница доживеале сообраќајна несреќа велат дека одеднаш ги обземала некаква парализа, па притоа биле водени од некоја сила која неможат да ја објаснат.
Се одмаздува бидејќи ја прогласиле за вештерка
Интересна е приказната за двајцата патници кои се возеле кон Загреб. На делницата на Нова Градишка, во глувото доба на ноќта, на делницата на која нема никакви куќи ниту дрвја покрај улицата, забележале жена облечена во црно. Кога и се доближиле оваа силуета скокнала на автопатот. Застанале, излегле од автомобилот но таа веќе не била таму.
Жената која оди по автопат се смета дека е вдовица која вечно била во црнина. Според легендата, со разни треви успеала да надживее неколку генерации после нејзините соседи.

 

Автопатот Загреб – Белград е граден преку гробишта
 На градителите не им било важно дали оваа улица ќе поминува преку гробиштата, едноставно преминуваа преку нив. Токму поради тоа големиот број од несреќите ги поврзуваат со „закачање со мртвите“
– многу надгробни крстови и споменици во текот на правењето на автопатот се фрлени на улица и било асфалтирано преку нив. Забележани се многу несреќи на тој дел. Загина и еден брачен пар зад кој останаа три деца – вели жупникот Марко Гачариќ.
– Да, се работеше тоа со крстовите и гробовите кога се градеше автопатот, а ние селаните долго време не ни смеевме да отидеме на гробишта од страв. Оние кои се плашеа да не ги фати грев, не работеа. Тоа го правеа само оние кои не се плашат од Бог, – сведочеа селанитe.
Видел бел дим од кај тркалата
 
Језиво е сведоштвото на еден пензионер возач на цистерна.
– Често  возев од Рафинеријата за нафта во Босански Брод на нафтени деривати во Белград, неретко навечер.  Токму во таа област една ноќ околу 2 часот на педесетина метри пред мене се појави жена која буткаше детска количка преку автопат. Силно притиснав на кочницата, во ретровизорот видов бел дим од кај тркалата. Застанав и излегов од камионот. На улицата немаше никој. Се вратив назад во камионот и продолжив сопатувањето. После тоа неможев да спијам со ноќи, – вели Перковиќ.
Проклете и тунелот св. Марко кај Карловац?
Во јавноста се смета дека е проклет и тунелот св Марко зад Карловац на автопатот Загреб – Сплит. Тој всушност поминува под локалните гробишта и во него често има сообраќајни несреќи. Експерти во сообраќајот, велат дека тоа е само обично празноверие, а бројните сообраќајки во него ги толкуваат како несреќи кои се случуваат благодарение на  влажните улици поради конфигурацијата на теренот.Во Хрватска има многу сведочења за појавувањето на духови. Се појавуваат во разни облици – сенки кои поминуваат, чудни знаци, привиденија во

Пронајдете не на следниве мрежи: