Се смета дека куклата е опседната од духот на една жена која е родена во 1946 година, а која најверојатно починала од напад на астма.Џејн Харис, која е задолжена за организацијата со назив „Проколната кукла“, започнала со работа откако претходниот сопственик на куклата Пеги се пожалил дека има кошмари. Секој пат кога ќе се обидела да ја премести куклата на некое друго место во својот дом, кошмарите станувале сѐ полоши.
Од некои работи едноставно може да ве заболи главата, ако не и да ви се случи нешто лошо! Морничавото видео на кое се наоѓа проколнатата кукла Пеги предизвика паника меѓу луѓето, а една жена наводно доживеала инфаркт по гледањето.
Џејн Харис воедно истражува и паранормални појави. Имено, таа рекла дека примила многу пораки во кои луѓето се жалат на болки во градите, мачнина и главоболка откако ги погледнале фотографиите и видеото на кое се наоѓа проколнатата кукла. Исто така, други забележале чудни промени во однесувањето кои се врзуваат за анксиозност и ментални пореметувања.
Гледајќи дека работите не се менуваат, Џејн решила да побара помош од свештеник, но по две посети сѐ било исто. Во септември се разболела и почнала да халуцинира. Тогаш решила да се ослободи од Пеги.
Изгледа Пеги може и преку соништата да се обрати, бидејќи во една прилика ѝ се појавила на една жена во сонот за да ја предупреди за нејзината мачка. Мачката утредента се разболела и за жал, починала.
Една жена со име Линди, исто така доживеала паранормално искуство со оваа кукла на Фејсбук. Имено, секогаш кога ќе напишела некаков статус во врска со Пеги, тој би се дуплирал.
Никој нема објаснување за овие ситуации, но сите се надеваат дека оваа мистерија наскоро ќе биде решена.Џејн Харис, која е задолжена за организацијата со назив „Проколната кукла“, започнала со работа откако претходниот сопственик на куклат