Проколната плажа во Индија: Туристите исчезнуваат и никој не може да ги најде

Во Гујарт се наоѓа плажа која на сите им влева страв во коски. Кога ќе падне мрак кучиња почнуваат да лаат. Се слушаат чудни звуци, а локалното население не оди на плажата ноќе.Плажата Думас во индијската држава Гујарт е популарна туристичка дестинација но и место за кое се зборуваат многу приказни. Забележани се неколку случаи на туристи, но и мештани кои шетале по плажата ноќе и подоцна никој не можел да ги пронајде. Кога сонцето ќе зајде наводно сите кучиња кои живеат во близина на плажата  почнуваат да лаат. Некои луѓе раскажале дека ноќе шетале со кучињата, а кога ќе се доближеле до плажата, кучињата ги спречувале да продолжат понатаму. Мештаните тврдат дека ноќе на плажата се слушаат чудни звуци. Некои тврдат дека слушнале шепот кој им велел да се вратат. Се верува дека плажата е проколната бидејќи на нејзе се кремирани многу мртовци.

Проколната тврдина во која ноќе никој не смее да влезе
Уште едно од проколнатите места во Индија е тврдината Бангарх која се наоѓа во индијската држава Рајастан. Владата забранува  посетители да влегуваат  во палатата по заоѓањето на сонцето. За тврдината постојат различни легенди. Според една, тврдината ја проколнал волшебникот Сингија. Тој бил вљубен во принцзата Ратнавати која живеела во платата. Еднаш ја видел нејзината слугинка како и купува парфем. Сакал да го магепса  така да принцезата кога ќе стави од парфемот, да се вљуби во него. Но принцезата го истурила парфемот на  подот и се створил камен кој го убил волшебникот. Тој пред смртта  ја проколнал палатата.  Следната година загинала принцезата во битката која се водела за палатата.

Соред други легенди тврдината ја опседнува духот на британскиот мајор Буртон. Тој му служел на семејството Кота, а него и неговите два сина ги убиле индијски војници.
Плажата Думас во индијската држава Гујарт е популарна туристичка дестинација но и место за кое се зборуваат многу приказни. Забележани се неколку с

Пронајдете не на следниве мрежи: