Доколку решите да им поверувате на легендите и вљубениците во паранормалното, тогаш предметите од оваа листа се заслужни за десетина смртни случаи, а како нивна жртва се наведува и еден познат актер.1. Анабел – куклата опседната со лажлив демон
За легендата која ѝ се припишува на оваа кукла се снимени два филма: „Annabelle“ и „The Conjuring“.
Во 1970 година, една жена купила кукла за својата ќерка која штотуку се запишала на факултет. На ќерката ѝ се допаднала куклата, па решила да ја смести во шкафот. Но, таа и нејзината цимерка набрзо почнале да забележуваат необични појави. Куклата ја наоѓале по другите соби во станот, иако таму никој ја немал однесено. Тие наоѓале и ливчиња хартија кои биле испишани со детски ракопис.
Исплашените девојки повикале експерт за паранормални појави, а тој им рекол дека куклата е опседната од духот на девојчето кое починало во нивниот стан. Исто така, девојчето преку куклата им се обратило на девојките и им рекло дека му се допаѓаат и дека радо би останало во нивниот стан.
Тие попуштиле и го дозволиле тоа. Но, куклата со неверојатна сила наводно почнала да ги напаѓа луѓето кои доаѓале во посета на девојките.
Девојките потоа решиле да ѝ се обратат на брачната двојка Лорејн и Ед Ворен, што е опишано во филмот „The Conjuring“. По кратко истражување, тие на девојките им рекле дека куклата не била опседната со дух на мртво девојче, туку од демон кој лажел за да им се приближи. Воренови ја однеле куклата во нивната куќа, а таа денес се наоѓа во нивниот музеј за окултни работи во Конетикат.
2. Мистериозна слика од eBay
Во 2000 година, анонимен продавач на eBay поставил оглас за слика која е авторско дело на Били Стоунхем. Името на сликата е „Рацете кои ми даваат отпор“, а многумина ја сметаат за најопседнатото уметничко дело. На сликата се наоѓаат момче и морничава кукла, кои стојат пред стаклена врата. Оваа слика ја купил холивудскиот актер Џон Марлеј во 1972 година.
Човекот кој ја поставил за продажба бил нејзиниот трет или четврт сопственик, а во огласот напишал дека ликовите на сликата шетаат во круг навечер, а многумина кои ја виделе сликата, почувствувале мачнина. Децата редовно истрчуваат од просторијата во која се наоѓа сликата, а возрасните чувствуваат дека некој им става раце околу вратот.
Стоунхем подоцна изјавил дека е изненаден од гласините за паранормалната природа на неговата слика и објаснил дека момчето на сликата го претставува него. Куклата била тука за да го пренесе во светот на фантазијата преку стаклената врата. Иако најновиот сопственик ја купил дури за 1.000 долари, тој денес добива астрономски понуди за истата. Но, одбива да ја продаде.
3. Проколнато „столче на смртта“
Во 1702 година, Томас Базби требало да биде обесен откако бил осуден за убиство. Неговото последно барање била вечера во неговиот омилен паб во Тирск, Англија. Тоа му било овозможено.
Кога завршил неговиот последен оброк, Базби станал и рекол: „Да го снајде ненадејна смрт секој оној кој ќе се осмели да седне на моето столче“. Според урбаните легенди, така и било.
Столчето останало во пабот во наредните столетија, а гостите често меѓусебно се предизвикувале да седнат на него. Кога дојде Втората светска војна, сопственикот забележал дека од војната не се враќаат борците кои се осмелиле да седнат на столчето. Умирале и ѕидари, мајстори, но и една чистачка која случајно се сопнала и седнала на столчето.
Тогашниот сопственик конечно се осмелил да го тргне столчето и го оставил во подрум. Дури и тогаш дошло до смрт – доставувачот кој одлучил да седне и да се одмори на неколку минути.
Столчето денес се наоѓа во локалниот музеј, метар над подот, со цел никој повеќе да не седне на него.
4. Автомобилот на Џејмс Дин
Сер Алек Гинис се сретнал со Џејмс Дин на ручек. Кога го здогледал неговото ново Порше Спајдер, му рекол: „Овој автомобил за недела дена ќе те однесе во смрт“. Така и се случило.
Но, ова не единствениот смртен случај кој е поврзан со автомобилот од 1955 година. По несреќата, автомобилот му ги скршил двете нозе на механичарот кој го поправал. Новиот сопственик во делови им го продал автомобилот на двајца професионални возачи. Едниот од нив се забил во дрво и починал, а другиот бил повреден во тешка сообраќајна несреќа. Крадците кои се обиделе да ги украдат деловите од славниот автомобил биле повредени при обидот за кражба.
Кога бил изложен во музеј, автомобилот се откачил од сајлите и паднал врз еден студент на кој му го скршил колкот.
1. Анабел – куклата опседната со лажлив демон
За легендата која ѝ се припишува на оваа кукла се снимени два филма: &