Пролетен хороскоп: Овие знаци ќе имаат тешка пролет!

Токму поради фактот што Сатурн се наоѓа во Стрелец, припадниците на овој знак, особено оние што се родени во првата декада, ќе се најдат пред големи животни искушенија. Но, тоа не значи и дека овие нешта ќе имаат лош крај. Сè зависи од распоредот и од положбата на клучните планети во наталната карта на Стрелците.Истото нешто ќе се случи и со припадниците на знаците Риби и Девица, поради квадратот кој Сатурн од Стрелец го прави врз нивното Сонце. Ова можат да го забележат и Близнаците, поради опозицијата на Сатурн во нивното Сонце. Изгледа Близнаците најдолго ќе го чувствуваат овој лош период, кој може да премине дури и во следната година, односно сè додека Сатурн се наоѓа во знакот на Стрелец.
Што се однесува до Раковите и Јарците, тие ќе почувствуваат тешкотии во првата декада од јули, додека Овните во првата декада од април. Вагите можат да поминат без големи потешкотии во пролетните месеци, но кога Уран ќе биде во транзит низ Овен, ќе им донесе ненадејни и бурни промени на животното поле.
Најтешките денови, односно најбурните, ќе ги доживеат оние знаци што имаат истакната Месечина или лични планети во Стрелец, Близнаци, Риби, Девица, Овен, Рак, Јарец или Вага. Имајќи го тоа на ум, Јарците имаат најголеми шанси да бидат подложени на огромни искушенија. И тоа не поради нивната вродена склоност на мака и патење, туку поради положбата на Плутон во соѕвездието Јарец.
Република
 Истото нешто ќе се случи и со припадниците на знаците Риби и Девица, поради квадратот кој Сатурн од Стрелец го прави врз нивното Сонце. Ова можат д

Пронајдете не на следниве мрежи: