Пролетно освежување со овошна салата

Еден предлог за вас како да се освежите во овие топли денови. Не само што овој десерт е одраз на здрав животен стил, туку со негова консумација внесувате голем број на витамини и минерали во вашиот организам. Егзотичниот вкус нема да ви дозволи да посегнете по други видови на слатки.
Почастете се со ова мало задоволство за кое ви требаат помалку од 15 минути.
Состојки:

200г јагоди
200г цреши
200г кајсии
2 јаболки
2 киви
2 лажици агавин сируп
1 лажица сушени бобинки

Овошјето убаво измијте го. Исечете ги јаболката и кивите на мали парчиња, а јагодите на половинки, а кајсиите на четвртина. На црешите отстранете им ги рачките и семките. Измешајте ги и полијте со агавин сирупот или друг по ваш избор. Можете да нанесете по желба шлаг како декорација и да ги додадете бобинките или ако имате ситно сецкани бадеми или ореви.
Уживајте!Еден предлог за вас како да се освежите во овие топли денови. Не само што овој десерт е одраз на здрав животен стил, т

Пронајдете не на следниве мрежи: