Во Берово започнаа подготвителните активности за изградба на крак на ул.“Дамјан Груев“ во непосредна близина на градските гробишта.На улицата која е во должина од 100 метри веќе се променети азбесните цевки и е поставено ново полиетиленско водоводно црево со што водоводната мрежа во Берово е речиси целосно обновена преку програмите за работа на локалната самоуправа.
Кракот од улицата “Дамјан Груев“ е предвиден да се асфалтира во широчина од 6 метри и изградба на тротоари од двете страни со широчина од 1 метар, а во рамките на истиот проект досега е изградена тротоарска површина од кракот до влезот на црквата св.Тодор.
Средствата за реализација на проектот во висина од 1.750.000 денари се обезбедени од Буџетот на општина Берово.На улицата која е во должина од 100 метри веќе се променети азбесните цевки и е поставено ново полиетиленско водоводно црево со што водоводната мре