Промоција на новата книга на Коста Петров – „Нашето последно кафе“ на 24ти септември

Коста Петров познат по бестселерот „Се гледаме на врвот“ за читателската публика подготви нова книга, насловена како „Нашето последно кафе“, коja ќе има своја промоција на 24ти септември, среда, во 19 часот пред книжарницата ТРИ во Градски трговски центар.„Ова е книга за сите борци. Книга за луѓето кои не се откажуваат. Книга за луѓето кои ја гледаат светлината и во најтемните моменти на животот. Приказна за бизнисот, пријателството и мирот во душата. Ќе ми биде чест и задоволство сите мои драги читатели и пријатели да присуствуваат на промоцијата“, вели Коста Петров.
„Нашето последно кафе“ ќе нè соочи со себе, со сопствените стравови, изговори, самонаметнати граници и откажувања, но и ќе ни покаже како да ги ослободиме сопствените потенцијали и да го достигнеме личниот максимум.
„Затекнат од загубата на многу блиска личност и соочен со кршливоста на животот, решив да напишам книга – обраќање, како потсетување дека животот се живее, а не се случува. Оваа книга е силно освестување да се разбудиме и да не го земаме животот здраво за готово, туку од него да направиме искуство вредно за живеење, приказна вредна за споделување, живот по наша мера. Правилото е едноставно. Ништо во нашите животи нема да се промени ако не се промениме себеси“, истакнува Коста.
Споделувајќи ги своите животни искуства, иницијациски предизвици, мисли и размисли, авторот ни раскажува како да се соочиме со парализирачкиот страв, со предизвиците што ни ги сервира животот, да се справиме со луѓето кои нè повредуваат. Како да не се откажуваме од своите соништа, да го најдеме мирот и да направиме подобра верзија од себеси.„Ова е книга за сите борци. Книга за луѓето кои не се откажуваат. Книга за луѓето кои ја гледаат светлината и во најтемните моменти на живото

Пронајдете не на следниве мрежи: