На 8 октомври 2015 година, во ЕУ Инфо Центарот во 11:00 часот, официјално ќе биде промовиран проектот „Унапредување на услугите за социјална вклученост“, кој е финансиран од Европска Унија преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА) и имплементиран страна на Конзорциум предводен од WYG International Ltd.Договорот за проектот е потпишан од Министерството за финансии – Сектор за централно финансирање и склучување договори (ЦФЦД). Главен корисник на проектот е Министерството за труд и социјална политика. Времетраењето на проектот е 24 месеци (јули 2015-јули 2017) со буџет од 1.366.250 евра.
Проектот има за цел да го подобри системот, услугите и професионалните капацитети за социјална вклученост на мажите и жените кои се во понеповолна положба и да ги унапреди еднаквите можности на пазарот на труд.
Целите на проектот се следниве:
• Развој и спроведување на професионална рехабилитација и услуги на лична асистенција за поинтензивно и квалитетно интегрирање на луѓето со инвалидитет на пазарот на труд;
• Подобрување на испораката и мониторингот на услугите кои се обезбедени за ранливите категории на население преку понатамошна автоматизација на деловните процеси во институциите за социјална заштита и олеснување на размената на податоци помеѓу надлежните институции.
Проектот ќе опфати развој и воведување на професионална рехабилитација и услуги за лична асистенција, вклучувајќи и квалитетни стандарди за испорака, контрола и надзор на овие услуги.
Исто така, ќе се надгради софтверот за услугите за социјална заштита, преку воведување на нови функционалности и подобрување на постојните функции, а истовремено ќе се зајакне размената на податоци помеѓу институциите од областа на социјалната заштита.
Проектот се состои од три компоненти:
Компонента 1: Унапредување на Професионалната рехабилитација и вработувањето на луѓето со инвалидитет;
Компонента 2: Воведување услуги за Лична асистенција за луѓето со инвалидитет;
Компонента 3: Надградба на постоечкиот ИТ Мониторинг систем и вмрежување.Договорот за проектот е потпишан од Министерството за финансии – Сектор за централно финансирање и склучување договори (ЦФЦД). Главен корисник на п