Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска /17.02.2016 година (среда)/, присуствуваше на промоцијата на реализираниот проект на Град Скопје и УНДП, што се одржи во средното училиште на Град Скопје „ Орце Николов“.- Во СУГС„ Орце Николов“ заедно со Луиза Винтон од УНДП денеска го промовираме заедничкиот проект на Град Скопје и УНДП за реконструкција на училишната зграда со мерки за енергетска ефикасност. Во ова училиште се заменети сите стари прозорци со енергетско ефикасни, поставен е нов покрив со изолација и исто така е поставена изолација од внатрешна страна на надворешните ѕидови со стиропор со дебелина од 10 сантиметри. Во текот на градежниот зафат е освежена и фасадата, односно се бојадисани само циглите – 506 квадратни метри, а бојадисани се и сите грејни тела во училиштето, на коишто им се инсталирани 163 нови вентили. Со преземањето на овие мерки за енергетска ефикансност се предвидува заштеда на енергија околу 30%, како и подобрување на амбиенталната температура во просториите. Целиот проект чини 3.588.057 денари, а финансиските средства за реализација на овој проект се собрани по пат на кофинансирање на Град Скопје и УНДП, од кои Градот учествува со 2.000.000 денари. Инаку, Градот има изготвено проекти за реконструкција на фасади со мерки за енергетска ефикасност за сите средни училишта кои се под наша надлежност и во текот на следните години планираме да ги реализираме тие проекти. На ист начин со УНДП, по пат на кофинансирање, извршена е и реконструкција на фасадата во СУГС „Јосип Броз Тито“ и се надеваме дека и во иднина ќе соработуваме со УНДП и ќе реализираме успешни проекти, истакна градоначалникот Трајановски.
Луиза Винтон од УНДП го изрази своето задовоство од одличната соработка со Градот и ги посочи за нив трите главни придобивки од реализацијата на овој проект, а тоа се заштедата на трошоците за греење за 30%, намалувањето на емисиите на штетни гасови и создавањето на попријатни услови за учење и работа на учениците и наставниот кадар во училишниот објект.- Во СУГС„ Орце Николов“ заедно со Луиза Винтон од УНДП денеска го промовираме заедничкиот проект на Град Скопје и УНДП за реконст