Од утре 04.09.(среда) до 06.09.2013 година (петок), со почеток од 9 часот, во средните училишта на Град Скопје, ќе се реализира промотивен турнир во мал фудбал-футсал во машка конкуренција меѓу скопските средношколци.Во рамки на турнирот ќе се одиграат натпревари распределени во 4 групи, а само првопласираната екипа од групата, ќе се пласира во полуфиналните натпревари, кои ќе се одиграат в петок /на 06.09.2013 година/ на теренот во дворот на СУГС „Здравко Цветковски“. Натпреварите ќе се играат по бергеров систем, 2 х 15 минути, со по еден тајм аут за секоја екипа во едно полувреме, додека преостанатите правила на игра се во согласност со правилата на Федерацијата на училишен спорт на Македонија.
Другите натпревари ќе бидат реализирани на надворешниот терен за мал фудбал со вештачка трева на СУГС „Никола Карев“; надворешен терен за мал фудбал со вештачка трева во СУГС „Здравко Цветковски“; во училишната спортска сала на СУГС „Зеф Љуш Марку“ и на надворешниот спортски терен на СУГС„ Васил Антевск- Дрен“.
Годинава, во сите градови на Македонија преку организирање на разни спортски манифестации го одбележуваме денот на независноста на Република Македонија „8 Септември“. Градот Скопје, активно се вклучува во оваа прослава преку организирање многубројни спортски настани, а еден од нив е и промотивниот турнир во мал фудбал – футсал помеѓу средните училишта на Град Скопје.Во рамки на турнирот ќе се одиграат натпревари распределени во 4 групи, а само првопласираната екипа од групата, ќе се пласира во полуфин