Денеска, 24.11.2016 година, во присуство на членови на планинарското друштво од Скопје „Кораб“ во Општина Аеродром беше промовиран „Прирачник за планинарење“, со цел да се охрабрат граѓаните да пешачат и да престојуваат што почесто во природа, во парковите, по околните планини и планинарски патеки во Градот Скопје и неговата околина.Прирачникот го напиша д-р Стојан Јованов, а технички и лекторски го подготви Одделението за односи со јавност во Општина Аеродром.
„Со оглед на тоа што во Општина Аеродром живеат голем број планинари, сметаме дека овој прирачник ќе им помогне на нашите граѓани да ги избегнат опасностите при планинарењето или во случај на незгода да знаат како да си помогнат себе и на другите“, беше кажано на промоцијата. Исто така, беше кажано дека овој прирачник е добредојден во Република Македонија, бидејќи освен странска, литература за планинарењето речиси и да не постои.
Инаку, авторот е лекар, искусен планинар и вљубеник во природата, кој својот живот го посветува на грижа за здравјето на другите, но и своето и чија порака е умереност во начинот на живеење и што повеќе спортување.Прирачникот го напиша д-р Стојан Јованов, а технички и лекторски го подготви Одделението за односи со јавност во Општина Аеродром.