Во ОСУ Ацо Русковски – Берово во рамките на воспитно – образовниот процес преку наставните програми по различните предмети и во склоп на воннаставните активности на училиштето, се развива еколошката свест на учениците, позитивен пристап кон животната средина и грижа за заштита на околината.Преку пораката која ја испратија учениците “Нашата околина е наше огледало затоа да се менуваме себе си, а не природата“, во холот на училиштето беше промовиран проектот “Еко – училиште“ со пригодна програма, музика и глума, презентирајќи го и еко кодексот и членовите на еко патролата на училиштето.
Реализацијата на проектот Еко-училиште има за цел да ја интензивира еколошката едукација преку повеќе акции и кампањи кои ќе следуваат во контекст на енергетската ефикасност, здравиот живот и одржливиот развој.
Иако реалните еколошки проблеми кои се последица на неодговорното однесување на човекот за нас се само прочитани страници или проследени видеа и слики, вложувајќи повеќе во еколошката едукација самите ние избираме да бидеме дел од решението а не дел од проблемот.
Нашата прекрасна природа е нашиот најголем ресурс.
Да ја заштитуваме и почитуваме!Преку пораката која ја испратија учениците “Нашата околина е наше огледало затоа да се менуваме себе си, а не природата“, во холот на у