Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, шефот на Канцеларијата за меѓуармиска соработка при Амбасадата на САД, мајор Џефри Бан Сикил, и заменик-директорот на средното училиште Здравко Цветковски, Билјана Богданоска, денеска /10.02.2016 година/ присуствуваа на презентацијата на активностите во рамките на Проектот на УСАУД за меѓуетничка интеграција во образованието во средното училиште на Град Скопје „Здравко Цветковски“.–Сакам да го изразам моето големо задоволство што денеска имаме чест да бидеме дел од промовирањето на активностите за реновирање на дел од просториите во средното училиште на Град Скопје Здравко Цветковски, кое во изминатите 3 години беше дел од Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието. Во оваа пригода сакам јавно да ја поздравам реализацијата на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско образование, проект, кој неколку години наназад се реализира во сите средни училишта на Град Скопје. Имплеметирањето на четири комплементарни компоненти кои го сочинуваат Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието, и тоа: информирање на јавноста и заедниците; градење на капацитетите на училишното раководство и наставниците; модел училишта и обезбедување стимул за училиштата и за локалните заедници, како и реализацијата на многубројни активности низ овој проект, придонесува за создавање на политичка, економска и социјална средина во Македонија која ќе постигне одржлива меѓуетничка интеграција во училиштата, во други образовни институции, како и во целото општество. Од особено значење е што проектот ги интегрира сите структури вклучени во воспитно-образовниот процес, и само на тој начин успешно ќе се создадат услови за интегрирано образование и интегриран образовен систем во Република Македонија. Постигнувањето и одржувањето на меѓуетничка интеграција во образованието е еден комплексен и долгорочен процес, во кој активно треба да се вклучени сите чинители на истиот. Ме радува и фактот што Средното училиште на Град Скопје Здравко Цветковски со својата успешна работа успеа да биде избрано за едно од 6-те модел училишта во Република Македонија во рамките на
Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието. Целта на нашето денешно среќавање е јавно да ги промовираме резултатите од успешната соработка на сите институции вклучени во реализацијата на овој проект, со единствена цел создавање на подобра средина за учење во училиштата, а со тоа градење на силно и перспективно општество, истакна градоначалникот Трајановски.
Шефот на Канцеларијата за меѓуармиска соработка при Амбасадата на САД, мајор Џефри Бан Сикил изјави дека се многу задоволни од успехот на овој проект кој се реализираше во средното училиште на Град Скопје „Здравко Цветковски“, во кој заедно работеа во повеќе секции ученици од различен етнички и родов состав под менторство на двајца професори, исто така, од различни етникуми.
Заменик-директорот на средното училиште Здравко Цветковски, Билјана Богданоска посочи дека успешните реализации на овие проекти се одличен мотив и за наставниците и за учениците да продолжат да ги негуваат мултиетничките вредности во нашата земја.–Сакам да го изразам моето големо задоволство што денеска имаме чест да бидеме дел од промовирањето на активностите за реновирање на дел од п