Градоначалникот на Штип, прим.м-р Илчо Захариев вчера попладне ја промовираше асфалтираната главна улица во населбата Долна Балканска. И покрај дождот, жителите со своето присуство искажаа благодарност за остварувањето на ветувањето:- Во оваа населба има околу 2000 жители и мислам дека за овие три години успеавме да направиме комплетна инфраструктура, канализација, го уредивме стадионот, се направи нова црква, благодарние на господинот Богдов, направивме детско катче, асфалтирани се улици во горниот дел на населбата, а сега и во долниот дел на населбата. Во меѓу време се асфалтира и влезот во градот кој минува покрај оваа населба од Чардаклија до кружниот тек на Железничка. Го реновиравме училиштето во населбата „ Македонка “ кое е заедничко со ова населба. Сепак, најважното ќе биде донесувањето на здрава вода за пиење од градскиот водовод. Досега инвестиравме околу 300.000 евра, а ЈП „ Исар “ со сопствени средства ќе го направи водоводот затоа што овде има само техничка вода. За населбите „ Балканска“ и „ Македoнка “ ќе бидат вкупно вложени 750 илјади евра“ рече Захариев.
Веќе денес, ќе бидат промовирани дел од ново-асфалтираните улици во населбата Долна Железничка.- Во оваа населба има околу 2000 жители и мислам дека за овие три години успеавме да направиме комплетна инфраструктура, канализација, го