Бришењето на непријатни спомени, дури и програмирање на спомени за настани кои не се случиле – е можно. Звучи како научна фантастика, но според новиот документарец, чија премиера се одржа во САД минатата недела, научници го откриле токму тоа и уште повеќе.Филмот Memory Hackers („Хакери на меморијата“) е посветен на истражување на меморијата и начините да се манипулира во корист на човекот.
„Истражувачите откриваат дека меморијата е многу подложна на влијание отколку што претходно се мислеше. Тоа постојано се препишува не само на нас самите, туку и на други луѓе. Ги откриваме точните механизми кои можат да ги објаснат, па дури и да ги контролираат нашите сеќавања“ – велат научниците.
Меѓу учесниците во филмот е Џејк Хослер, 12-годишно момче од Сент Луис, кој се сеќава речиси на сѐ што му се случило откако наполнил 8 години.
Џејк е најмладиот човек дијагностициран со развиена автобиографска меморија.
Тој се напрегнува при разликувањето на мали и важни настани од минатото.
„Заборавот е веројатно најважното нешто што мозокот го прави“ – вели Андре Фенто, истакнат невролог кој развива техника за бришење на болни спомени.
Меѓу интервјуираните во филмот е и психологот Џилиен Шау. Таа измисли систем за пресадување на лажни сеќавања, успевајќи да ги убеди луѓето дека извршиле злосторства кои никогаш не биле направени.Филмот Memory Hackers („Хакери на меморијата“) е посветен на истражување на меморијата и начините да се манипулира во корист на човекот