Италијанските историчари во Неапол го откриле гробот на озлогласениот влашки кнез Влад Цепеш, познат како Дракула, чие име стана синоним за страв и хорор и милиони луѓе ширум светот го поврзуваат со вампири. Иако не е 100 проценти докажано дека тоа е токму неговиот гроб, истражувачите тврат дека имаат многу силни докази дека прочуениот гроф не е погребан во Трансилванија.
Средновековниот романски владетел, кој добил прекар „набивач“ затоа што непослушните поданици ги набивал на колец, не загинал во битка како што до сега се веруваше, туку последните денови ги поминал кај ќерката Марија, која била мажена за наполски големец.
До тој необичен заклучок дошле кога во црквата Санта Марија ла Нова во Наполи, пронашле гроб од 15 век украсен со симболи на карпатски аристократ.
-Кога ќе ги погледнете релјефните скулптури, симболиката е очигледна. Показателот дека гроф Дракула е тука закопан, е факт дека гробот накитен со сфинги-симболот на градот Теба, кој понекогаш се пишува и нарекува Тепес, а исто така и со змајот кој се наоѓа на грбот на Владовото семејство- рече историчарот Рафаело Глини од Универзитетот во Талина и додаде дека со тие знаци е напишано неговото име-Цепеш Дракула.-Влад, другиот дел од името го добил затоа што неговиот татко го нарекуваа Дракул, што би значело змеј, па Дракула би значело змејче, нагласи тој.Инаку, историската личност кнез Влад Цепеш не е поврзуван со вампири се до почетокот на 20 век, кога послужил како инспирација на писателот Брем Стокер, да создаде лик на бесмртен злобник во својот роман.Иако не е 100 проценти докажано дека тоа е токму неговиот гроб, истражувачите тврат дека имаат многу силни докази дека прочуениот гроф не е погреба
Пронајдете не на следниве мрежи: