Пронајден скелет на човек кој боледувал од рак, стар 3200 години!

Археолозите во Судан пронашле скелет од човек со метастатски рак, стар повеќе од 3200 години, што е најстар скелет некогаш пронајден со таква болест, која во главно се поврзува со модерниот начин на живот, пишува во денешната објавена студија на PLOS One.Остатоците од овој човек, според проценката на возраст меѓу 25 и 35 години, пронајдени се минатат година во еден гроб во Судан, близу Нил, од страна на една студентка од англискиот универзитет Дурам.
Испитувањето на неговите коски покажа дека човекот потекнува од богата средина, боледувал од рак со метастази, но не можело да се утврди дали тој умрел од таа болест.
Станува збор за еден од најстарите скелети на човечкото битие кое страдало од овој вид на рак, велат истражувачите од универзитетот Дурам и Британскиот музеј, кои ги објавија резултатите од истражувањето.
Иако ракот денес  е една од главните причини за смрт, многу ретко се случува за него да се најдат траги во археолошките наоди , поради што  се верува дека болеста е главно поврзана со современиот начин на живот и продолжувањето на животниот век , наведуваат истражувачите.

 
Анализата на скелетот покажува дека “формата на малите лезии во коските може да биде предизвикана само од рак на меките ткива , иако точната причина за болеста не може да се утврди само врз основа на коските “, објаснува Мајкл Биндер, археологот кој ги пронајде посмртните остатоци.
– Костурот може да ни помогне да ја разбереме сосема непозната историја на ракот – изјави оваа австриска научничка и истакна дека постојат многу малку примери кои датираат од милениумот п.н.е., како и дека е потребно да се разбере подобро развојот на болеста.
Радиографското испитување покажа лезии на коските со метастази во 'рбетот, рацете, бутовите и другите делови на скелетот. Истражувачите можат само да шпекулираат за потеклото на ракот – дали тоа е од чадот од пожарот , генетски фактори или заразна болест предизвикана од паразити.
Скелетот е пронајден на Западна Амара, 750 километри од суданскиот град Картум.Остатоците од овој човек, според проценката на возраст меѓу 25 и 35 години, пронајдени се минатат година во еден гроб во Судан, близу Нил, од стран

Пронајдете не на следниве мрежи: