Откако во Вестбрук, Мејн, неколку пати беше пријавувана џиновска змија, скептиците ги обвинија сведоците за лага.Но, сите усти се затнаа откако е пронајдена кожата на штотуку преслечената змија за која не се веруваше дека постои. Суштеството е за прв пат забележано кон крајот на месец јуни од страна на локалните жители и полицајците што биле повикани.
Конкретниот повик се случил откако граѓаните сведочеле како змијата јаде дабар.
Легендата се засили за време на летото, и змијата си доби име – Веси, алудирајќи на суштеството од Лох Нес, Неси. Полицијата пак, им нареди на граѓаните да останат на готовс кога влегуваат во зоната каде е забележана Веси.
Без разлика дали змијата ќе биде фатена од страна на официјалните лица или ќе продолжи да дивее во водите на Вестбрук, може да се заклучи дека приказната за магичното лето на Веси ќе остане запаметена.
Но, сите усти се затнаа откако е пронајдена кожата на штотуку преслечената змија за која не се ве