Во амриканскиот град Шарлот убиена е Србинката Мирјана Пухар (19), учесничка во шоуто „Американски топ модел“. Полицијата по неколку часови потрага го уапсила 19-годишниот Емануел Ренџел, кој е осомничен за тројно убиство, јавиле американските медиуми. Освен Пухар, убиени се Џонатан Алварадо (23) и Хусмар Гонсага Гарсија (21). полицијата била повикана окако се слушнало пукање од станот.Како што пренесува сајтот ТМЗ, повикувајќи се на извор близок на Пухар, нејзин пријател во станот во кој таа неодамна се вселила го пронашол нејзиното и телото на нејзиното момче, додека телото на третата жртва не го видел.
Извори на полицијата рекле дека според привремената истрага полицијата верува дека убиствата се поврзани со дрога и дека жртвите го знаеле убиецот.
Пухар инаку е родена во Сремска Митровица, а потоа со родителите се преселила во САД.
Мирјана била проблематична девојка, сменила неколку училишта и на крајот на 16 години дефинитивно го напиштила училиштето. Пред тоа постојано бегала од часови, се вмешувала во тепачки и постојано била под контрола на директорот на училиштето.
„Бев диво дете. Излегував, се забавував и слично бидејќи немав добро влијание од околината на себе“, велела Мирјана чии родители биле бесни кога дознале дека таа го напуштила училиштето.
Извршните продуценти на шото во кое учествувала Мирјана Пухар „America`s Next Top Model“ Кен Мок и Тајра Бенкс се огласиле со соопштение:
„Длабоко сме ожалостени од трагичните вести за смртта на Мирјана Пухар. Беше полна со живот и пред нејзе имаше кариера. Нашите мисли се со нејзините најблиски“.
Како што пренесува сајтот ТМЗ, повикувајќи се на извор близок на Пухар, нејзин пријател во станот во кој таа неодамна се вселила го пронашол нејзин