Пронајдени 40 тела на патници од исчезнатиот авион на „Ер Азија“

Според информации од потрагата, остатоците од леталото се наоѓаат на длабочина од 30 метри…По три дена потрага спасувачките екипи пронајдоа четириесет тела на патници и остатоци од исчезнатиот авион на Ер Азија во близина на островот Борнео во Јаванско Море. Засега нема податоци за преживеани, но спасувачките екипи на површината нашле тобоган за принудно излегување од леталото. 
Трагедијата се случила на десет километри од местото кадешто авионот се  изгубил од радарот. Меѓународен тим од 11 нуркачи, седум авиони и 30 брода е во потрага по евентуално преживеани. Роднините и пријателите на патниците во грч ги очекуваат резултатите од потрагата.
„Мојот најдобар пријател беше во авионот, со сопругата и двете деца. Многу сум вознемирен, но се надевам дека се ќе се заврши добро“, вели пријател на патник во авионот.
Според првичните сознанија авионот потонал на длабочина од 30 метри. Телата и остатоците биле забележани со набљудување од воздух.
„Многу луѓе дојдоа за да добијат некаква информација за блиските. Во моментот немам многу информации што навистина се случило“, изјави Трикора Харајо генерален директор на аеродромот.
Телата се транспортираат со бродови на индонезиската морнарица, изјави шефот на Националната спасувачка служба, и  додаде дека на телата немало траги на насилство и појаси за спасување.
На кобниот лет во неделата наутро од Индонезија до Сингапур се превезувале 162-ца патници и членови на екипажот.По три дена потрага спасувачките екипи пронајдоа четириесет тела на патници и остатоци од исчезнатиот авион на Ер Азија во близина на островот Борн

Пронајдете не на следниве мрежи: