Вчера попладне биле пронајдени мртви сопружници во нивниот дом во Модрича. Се претпоставува дека се работи за убиство и самоубиство. Граѓаните се во шокМртвите тела на сопружниците Стево(44) и Гордана(47) ги пронашол соседот Стево Мијиќ.
„ Ме побара сестрата на покојната од Германија да видам зошто никој не и одговара на телефонските повици. Отидов, тропнав на вратата и ги повикав Илиќеви. Ја заобиколив куќата, погледнав низ прозорот и го видов соседот Стево како лежи мртов со ловечката пушка врз него. Потоа повикав полиција и им јавив на смејството во Германија“, вели Мијиќ.
Сопружниците работеле во болница за психијатрија во Модрича. Директорот на оваа здравствена установа, Миленко Ѓукиќ, вели дека се работело за вредни и чени здравствени работници.
„Оваа вест ме шокираше, како и сите мои колеги. Можам да кажам само добри зборови за Илиќеви. Беа работници за пример. Не можевме да претоставиме дека може да дојде до вакова трагична случка“, вели Ѓукиќ.
Увид на лице место извршила окружниот обвинител Оливера Рауковиќ, која одбила да даде изјава за новинарите. Припадници на полицијта во Модрича потврдиле дека се работи за убиство и самоубиство. Сопружниците зад себе ја оставиле нивната 17 годишна ќерка.Мртвите тела на сопружниците Стево(44) и Гордана(47) ги пронашол соседот Стево Мијиќ.
„ Ме побара сестрата на покојната од Германија