Пронајдени остатоците од урнатиот египетски авион

Египетските власти соопштија дека се лоцирани остатоците од паднатиот „Ербас“ на авионската компанија „Иџипт Ер„ кој се урна во водите на Медитеранот на 19 мај од засега непознати причини.Според претставник на египетската истрага, остатоци од авионот се отриени на неколку локации во реонот југоисточно од грчкиот остров Карпатос, каде се трага по леталото уште од почетокот,
Вкупно 66 патници и членови на екипажот загинаа при падот на авионот, што леташе на својата редовна линија од Париз за Каиро и исчезна од радарите на грчката и египетската контрола на летањето, без претходно да биде испратено какво било извествување за проблеми со летаолото.
Грчката контрола на летањето тврди дека пред уривањето, авионот направил свртување од 90 степени в лево, а потоа за 360 степени в десно, забрзано спуштајќи се од над 11.000 метри височина на 4.600 метри.
Засега не се знае која е вистинската причина за падот, па остануваат сите можни претпоставки: дека авионот се урнал поради технички проблем, грешка на пилотите или поради експлозија.
Лоцираните остатоци од авионт се на 290 километри од Александрија, на длабочина од над три илјади метри каде Медитеранот е најдлабок.
Минатиот месец беше јавено дека се „уловени“ сигнали од една од „црните кутии“ на авионот, но тие се уште не се најдени.
Експертите предупредуваат дека батериите на црните кутии кои може да помогнат за откривање на причините за падот на авиониот ќе може да работат до 24 јуни.Според претставник на египетската истрага, остатоци од авионот се отриени на неколку локации во реонот југоисточно од грчкиот остров Карпатос, каде

Пронајдете не на следниве мрежи: