Во февруари 2014 година, Џејсон Денг објавил на Редит фотографија од порака што ја нашол во книга која била оставена на полица во едно кафуле.Во пораката пишувало:
„Честитам! Ја пронајде ПОРАКАТА. Ќе ти дадам 300 долари ако дојдеш на истото место на 27.05.2015 година“.
Мистериозниот писател напишал и шифра која Денг ја прекрил со рака на фотографијата. Повеќе од 1000 луѓе коментирале на фотографијата, а многумина се сложиле – Денг всушност нема избор и мора во мај да отиде во кафулето. Тој одговорил дека во истата книга ја ставил својата понуда, но никогаш не добил одговор од другата страна.
„Се вратив во октомври 2014, но пораката и понатаму стоеше во книгата. Ја извадив и претпоставив дека и понатаму вреди првичната дата… Секако, ако и другата страна се сеќава на ветувањето“, напишал тој.
Во наредните неколку месеци, корисниците повремено ја спомнувале пораката на Редит и го потсетувале Денг да не заборави да отиде во кафулето. Во март годинава, тој објавил дека има намера да отиде.
Во средата наутро, Денг напишал дека дошол во кафулето штом се отворило.
„Имам порака и шифра“, напишал тој, а пред тоа ги известил вработените во кафулето дека целиот ден ќе го мине таму. Денот го поминал работејќи на својот лаптоп, а што точно ќе прави, им рекол само на својот брат и пријателите (и целата заедница на Редит).
Денг на крај не ги добил своите 300 долари, но стекнал војска следбеници кои цел ден ги следеле неговите објави. Некои биле уверени дека мистериозната личност ќе го ограби и убие. Други пак, имале налудничави идеи.
„Зарем не би било кул дека ти од иднината си оставил порака до самиот себеси, со цел да не ја сретнеш идната сопруга којашто ќе ти го уништи животот? Ти сам најдобро би знаел што ќе ти го привлече вниманието“, напишал еден корисник.
Некои се убедени дека целата приказна е измислица, а доказот во тоа го гледаат во сличниот ракопис на двете пораки. Денг цел ден објавувал дека погледнал уште неколку книги, а дека во едната пронашол и камења.
„Нема причина да лажам. Одлучив да отидам, бидејќи знам колку тоа ќе стане интензивно на Редит, па сакав да се знае дека јас отидов, без оглед на тоа дали ќе се појави авторот на пораката“, изјавил Денг за „Базфид Њуз“.
Тој признава дека се појавил и поради парите, но и затоа што на ова гледал како на своевиден социјален експеримент. Без оглед на тоа што не го дочекал авторот на пораката, Денг заработил во кафулето.
На кафе потрошил шест долари, а непознат младич кој знаел за приказната преку Редит, му дал десет долари. Други корисници на Редит, му испратиле храна и подароци, па така во кафулето биле доставени и три пици.
Во пораката пишувало:
„Честитам! Ја пронајде ПОРАКАТА. Ќе ти дадам 300 долари ако дојдеш на истото место на 27.05.2015 година“.



