Пропадна иницијативата на Грција да ја укине групата „Пријателите на Македонија“

Откако хрватската застапничка на Европскиот парламент Маријана Петир и службено ја инаугурирала неформалната група „Пријателите на Македонија“ и затоа добила поддршка од триесетина свои соработници, а грчките застапници секако се обиделе да ја спречат со планиран инцидент во кој на крај Петир ја добила битката. Имено, четири грчки претставници барале од претседателот на парламентот да ја укине групата наведувајќи како главна причина дека не е можна таа група поради спорот со името. Претседателот на парламентот во својот одговор им ги објаснил на Грците процедуралните аспекти на функционирање на Парламентот, а меѓу останатото им ја објаснил разликата меѓу формална и неформална група. 
Додека пак грчките застапници во медиумите објавиле дека групата ќе биде укината затоа што не добила дозвола од Парламентот но како што е веќе познато „станува збор за неформална група, па токму затоа одобрение не е ни потребно и истата не може да биде укината“ појаснува Петир коментирајќи ги дезинформациите кои доаѓаат од грчките медиуми. 
Претседателот на Парламентот ги објасни начините на кои истиот функционира, а кои треба да им бидат познати и на грчките колеги. Жал ми е поради нивната неинформираност, како и поради намерното погрешно толкување на одговорот кој го добија- истакнува Петир. На прашањето дали ова ќе влијае на понатамошните активности на групата, таа одговорила дека групата секој ден има се поголема поддршка и во иднина може само да зајакне. 

Претседателот на парламентот во својот одговор им ги објаснил на Грците процедуралните аспекти на функционирање на Парламентот, а меѓу останатото и

Пронајдете не на следниве мрежи: