На едно од пророштвата на Баба Ванѓа деновиве потсети бугарскиот режисер и политички активист Нидал Алгафари, по татко Сириец, по мајка Бугарин.. Во ексклузивното интервју за во магазинот „Шоу“ тој изјави дека почнува да верува дека очигледно ќе дојде и тој момент.
– Веќе се случува! – рече Алгафари.
Подзаборавеното творештво на Баба Ванѓа е директно поврзана со светскиот конфликт во Сирија и иднината на Бугарија.
– Многу ме загрижува предвидувањето на Ванѓа пред повеќе од 40 години. Kога ја прашале кога ќе се исправи Бугарија, таа одговорила: „Kога Сирија ќе падне!“.
Пред две години ова воопшто не можев да го замислам. Kако може една држава како Сирија да падне?! Сега сепак почнувам да верувам дека очигледно ќе дојде и тој момент. Тоа веќе е факт, веќе се случува – вели – Алгафари.
Алгафари е режисер, продуцент и сценарист на повеќе емисии и филмови. Автор е и на документарниот филм „Сирија – историја и легенди“. Баба Ванѓа е актуелна во Бугарија и по други нешта. Изби скандал помеѓу Фондацијата „Ванѓа“ и Градскиот совет во Петрич каде што се наоѓа куќата во која живееше видовитата жена.
Расправијата е поради реконструкцијата на нејзиниот дом и местото каде што ќе бидат префрлени приватните работи на Баба Ванѓа. Директорот на историскиот музеј Сотир Иванов сака да бидат изложени во нивните простории, а Серафим Иванов, управител на комплексот „Рупите“ смета дека треба да бидат во Фондацијата.
Повеќе на think.mk. Во ексклузивното интервју за во магазинот „Шоу“ тој изјави дека почнува да верува дека очигледно ќе