Македонската јавност веќе е запозната со пророштвата на дедо Зафир од Шопско Рударе. Начинот на кој што говорел овој старец, опишал многу нешта кои на еден или друг начин, се случиле.Стевче Доневски од Кратово ги собира не само преданијата и историските податоци за овој регион, туку и пророштвата на старците кои живееле или уште живеат таму. Освен дедо Зафир, зачувани се разговори и со дедо Коле, дедо Кузе, дедо Прокопие, Гаврил Светогорец и други.
Дел од истите ви ги пренесуваме во целост, онака како што се запишани од Стевче Доневски.
Македонија ќе закаче реп.
Шубара ќе завладее.
Небо ќе се расцепе, бела жица ќе пројде.
Жега ќе дојде, три слн’ца ќе греат.
Православие ќе биде у немир, ама нема да пропадне.
Народ ќе помре, ќе паѓат како крушки.
После жегата, ќе има дождови со години, да измијат земјата од нечистотијата, и целата вода ќе иде у едно место, дек е било море порано.
Д’новите ќе летат како саати, неделите како д’н, месеците како недела, годината како месец, народ ќе вика – понеделник, среда, недела замина и месец пројде и година замина.
Змијата ќе крене од Овче Поле.
Срам ќе се изгубе.
Светот ќе се гледа на стакло.
Брат со брат ќе збори од еден крај на светот со друг крај на светот.
Русокосо момче Македонец ќе изваде срце у леген и пак ќе га сошие у човек.
Ѕвездено небо ќе се расцепе, сл’нце ќе бл’сне.
За вода народ ќе писка, а тамо дека има вода ќе има два бога.
(Лоза.мк)Стевче Доневски од Кратово ги собира не само преданијата и историските податоци за овој регион, туку и пророштвата на старците кои живееле или уште