ПРОРОШТВО на старецот Пајсиј: Нѐ очекува страшна иднина!

Ова е само дел од пророштвото на старецот Пајсиј, грчки православен монах од Света Гора…Старецот Пајсиј ѝ предвиде на Турција многу проблеми во блиска иднина. Тој не зборува за руското учество во конфликтот во Сирија, но ја истакнува улогата на Русија во големите војни што ќе го зафатат Блискиот исток. Многу подоцна, Русите во големата војна со западните сили сепак ќе бидат приморани да се повлечат назад, а Истанбул ќе им биде предаден на Грците.
„Покрај руската интервенција и по преговорите помеѓу големите сили, Цариград (Истанбул), поради непознати причини повторно ќе ѝ биде вратен на Грција бидејќи овој потег ќе им биде од полза на големите земји“.
На еден офицер од повисок ранг, му предвидел: „Јас ќе се упокојам и нема да можам да те видам на парадата, кога со грчката војска ќе маршираш во Истанбул“.
Ова значи дека тоа ќе се случи во блиска иднина, односно пред пензионирањето на тој офицер. Да потсетиме дека старецот Пајсиј почина пред 21 година, па не останува многу време за исполнување на ова пророштво.
„Турската војска ќе се развие, па ќе стане агресивна до тој степен, што ќе излезе со тврдење дека некои соседни грчки острови се нивни, додека сите народи добро знаат дека тоа е погрешно и без основа“.
„Кога турската војска ќе отпочне со обиколување на некои грчки острови и ќе навлезе шест милји во туѓа територија, за жал, ќе биде уништена. Но, тоа нема да биде направено од нас. Тоа ќе биде почеток на крајот“.
„По тој сериозен конфликт помеѓу Грција и Турција, голема и разорувачка војна ќе избие помеѓу Русија и Турција. Во почетокот, Турците ќе помислат дека победиле, но Русите на крај ќе извојуваат триумф и ќе го заземат Истанбул – кој ќе се најде во нивни раце. Но, ќе бидат приморани да го предадат поради некоја причина“.

„Англија и САД ќе ни го вратат Истанбул“ – им порачал Пајсиј на Грците.
„Црквата Аја Софија (Света Софија), повторно ќе стане грчка по толку години“.
„На Турција ќе ѝ биде најтешко. Една третина од турската популација ќе се врати оттаму од каде што потекнува, една третина ќе биде поштедена бидејќи ќе стане христијанска и последната третина ќе загине во војната“.
„Турција ќе биде поделена на три-четири делови. Ние (Грците) ќе ја земеме нашата земја, земјата која во минатото нам ни припаѓаше, Ерменците ќе го земат своето, а и Курдите исто така. Курдскиот проблем е во тек. Тој ќе биде решен кога оваа генерација турски политичари ќе поднесат оставка и со земјата ќе завладее нова генерација“.
Пајсиј го предвидел ова пред 25 години.
„Турција ќе изврши уште еден напад и тоа само врз Грција, но нема да биде успешен. Она со што ќе се соочиме е гладот за неколку месеци. Затоа, обидете се да купите мало парче земја и одгледувајте нешто на неа, така што полесно ќе се соочите со тој тежок период“ – им порачал тој на Грците.
Роден во Кападокија, почина во Солун – Старецот Пајсиј е роден на 25. јули 1924 година, во малоазиското село Фараса, на југоистокот од Турција. Се упокоил на 12. јули 1994 година и погребан е на гробиштата на Св. Јован Богослов во Сурета, Солун. Канонизиран е од страна на Грчката православна црква во јануари 2015 година.
„Откако на телевизија почесто ќе слушате дека односите помеѓу Турција и Грција станале напнати во врска со поделбата на територијалните води, знајте дека војната е зад аголот“.
„Потоа ќе следи напад на Турција врз Грција, додека Русија ќе ја нападне Турција од северот поради свои причини. Тогаш ќе се вклучат и останатите европски земји и тоа Англија, Франција, Италија и уште шест-седум други, кои во овој дел имаат интереси и претендираат на турскиот дел од земјиштето“.
„Кога Турција ќе започне да ги користи водите на Еуфрат за наводнување, тогаш ќе се појави знак дека дошло време за војна“.
Инаку, Турција веќе почна да ги користи водите на Еуфрат за наводнување.
„По тие несреќни настани, Русија ќе ја продолжи војната сѐ до Персискиот залив, но ќе биде запрена од трупите од Ерусалим. Потоа, западните сили ќе им кажат на Русите да ги повлечат своите трупи од тие подрачја. Имено, тоа ќе трае колку и период за одгледување на зелка, што значи 6 месеци. Меѓутоа, Русија нема да ги повлече своите сили. Ќе настапи голем масакр. Ќе дојде до голема војна и Русите ќе загубат. Градовите ќе станат фавели. Ние, Грците, нема да учествуваме во таа глобална војна“. Старецот Пајсиј ѝ предвиде на Турција многу проблеми во блиска иднина. Тој не зборува за руското учество во конфликтот во Сирија, но ја истакнува у

Пронајдете не на следниве мрежи: