Пророштвото на Гадафи се остварува…

Исламската држава сега се заканува дека ќе испрати половина милион терористи на територијата на Европа.Либијскиот водич Моамер ал Гадафи додека беше жив предвидуваше дека џихадистите од неговата земја ќе ја нападнат Европа ако тој биде тргнат од власт.  По три години од неговото убиство екстремистите од Либија да се заканат дека токму од Либија ќе испратат 500.000 терористи во Италија.
Како што се претпоставува, тие всушност ќе бидат преправени во мигранти кои ќе направат вистински хаос во Европа.
Гадафи своето морничаво пророштвото го изнесе во своето последно интервју во месец март во 2011-тата година.
За потсетување, тогаш вооружените бунтовници со поддршка на гранатите од НАТО, водеа војна против него.
Исламската држава тогаш не постоеше, но либискиот лидер предвиде дека терористите набрзо ќе ја окупираат неговата земја и останатите држави на Блискиот исток, од каде ќе се загрози и Стариот континент.
– Ако наместо стабилни влади, кои гарантираат безбедност, овие милитанти поврзани со Осама бин Ладен ја преземат целосната контрола, Африканците масовно ќе почнат да влегуваат во Европа. Меѓу нив ќе има и голем број на терористи. Медитеранот ќе стане море на хаос и крвопролевање, истакна тогаш Гадафи.
Всушност, сето тоа започна да се остварува после неговата смрт.Либијскиот водич Моамер ал Гадафи додека беше жив предвидуваше дека џихадистите од неговата земја ќе ја нападнат Европа ако тој биде тргнат од влас

Пронајдете не на следниве мрежи: