Проруските борци влегле во Мариупол, жестока борба околу аеродромот

Првите групи на проруските борци во придружба на оклопни возила и диверзанти влегле во украинскиот град Мариупол, каде се водат жестоки борби за стратешки важниот аеродром. За продорот на проруските сили известила агенцијата Интерфакс, наведувајќи дека нема официјална потврда од проруската команда, додека Киев го демантирал губитокот на положбата, наведувајќи дека ги потиснале побунениците.
И покрај жестоките судири во Мариупол, граѓаните  се однесуваат како ништо да не се случува. Некои од нив дури и се сончаат на плажа.
Истовремено со борбите за Мариупол, во Луганск исто така одекнуваат експлозии, а двете страни  се обидуваат да воспостават контрола над стратешки важни точки пред почетокот на примирјето за кое се очекува дека наскоро ќе биде потпишано во Минск.
Командантот на украинската доброволна полиција изјавил дека припадниците на неговата едница цела ноќ трпеле артилериски оган, но дека се уште успеваат да ги држат проруските активисти во заливот.

Пет цивили загинале во изминатата ноќ, а девет се ранети во гранатирање на Доњецк, јавиле денес агенциите, извесатувајќи дека ги продолжиле борбите околу стретешки важниот град  во Доњецката област на истокот на Украина.
Како што соопштиле градските власти на Доњецк, изминатата ноќ во целиот град се слушале пукања, а од артилериски оган загинале пет цивили, а девет се ранети.
За продорот на проруските сили известила агенцијата Интерфакс, наведувајќи дека нема официјална потврда од проруската команда, додека Киев го деман

Пронајдете не на следниве мрежи: