Прославете го „Светскиот ден на науката“ со YouTube влогерите и Discovery Science

Discovery Science каналот кој е во потполност посветен на науката и на љубопитните умови, повторно ја поддржува прославата на „Светскиот ден на науката“, кој по иницијатива на УНЕСКО се одбележува на 10 ноември секоја година.Во склоп на прославата на подрачјето на централна и источна Европа, Блискиот Исток и Африка, Discovery ќе се придружи на популарните YouTube влогери чиј интерес им е науката, инженерингот и видео игрите. Shed Science, Colin Furze и Harry Wroetoshaw ќе спроведат низа интерактивни експерименти и ќе докажат дека науката е во секојдневниот живот.
Ова претставува и покана за сите љубители на науката да се пријават со сопствен експеримент на натпреварот на Discovery Science и да освојат ховерборд. Може да се пријавите и да ги погледнете видеата на Facebook страната на Discovery Science и на YouTube каналот YourDiscoveryScience. Натпреварот е отворен до крајот на ноември, а ќе се промовира со хаштегот #JoinOurExperiment.
YouTube влогерот и пронаоѓач Colin Furze за овој проект изјави: “Discovery Science повторно го прославува „Светскиот ден на науката“ и оваа година од мојата работилница ќе ви покажам некои трикови и интересни експерименти поврзани со инженерингот-како на пример како да направиш чај за помалку од 60 секунди! Се надевам дека ќе ги инспирирам гледачите да се приклучат на кампањата со хаштагот #JoinOurExperiment и на тој начин ќе докажат дека науката е достапна за секој и секаде.“
Unai Iparragirre директор на Discovery Networks CEEMEA мрежите во развој додава: “Минатата година се придруживме на УНЕСКО во одбележувањето на „Светскиот ден на науката“ и таа иницијатива многу добро беше прифатена од нашите гледачи и не мораше да мислиме дали и оваа година ќе го направиме истото. Суштината на Discovery Science е да ја слави науката како дел од нашиот секојдневен живот и да им ја приближува на гледачите посебно на овој ден. Затоа сакаме нашите гледачи да ни се придружат во најголемата прослава на науката годинава.
Од програмата на овој ден, 10 ноември издвојуваме две премиери:
– You Can’t Lick Your Elbow (Не можете да го лизнете лактот)- Заедно со водителот Тони Гонзалес, оваа емисија ќе покаже колку всушност човечкото тело може, а и не може да биде фасцинантно. Емисијата следи теми од типот одење по оган, координирање и изострување на сетила, преживување на опасни ситуација и нашироко објаснува како телото реагира на нив.
– What Could Possible Go Wrong (Што може да тргне наопаку)- Во секоја епизода Кевин и Грант ги прегледуваат снимките од плановите кои не им се добро завршени. Прво ќе ги анализираат видеата од секој агол а потоа следи експериментирање во нивната строго чувана лабораторија. Што е потребно да променат за еден експеримент да успее? Што би можело да тргне наопаку?
Во склоп на прославата на подрачјето на централна и источна Европа, Блискиот Исток и Африка, Discovery ќе се придружи на популарните YouTube влогер

Пронајдете не на следниве мрежи: