Пред Министерството за внатрешни работи денеска се одржа протест на граѓани кои од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски побараа да ја обезбедува изградбата на крстот во општина Бутел.Тие најавуваат дека ќе протестираат сè додека не им се исполнат барањата, а претходно на протест се собраа и во саботата.
Со граѓаните беа и градоначалникот на општината Бутел, Петре Латиновски, и претседателот на општинскиот Совет, Боби Бојчевски.
– Го замолувам техничкиот министер Оливер Спасовски да ја заштити узурпираната територија, да пушти полициско обезбедување на местото каде ќе се гради крстот. Денеска овие луѓе тука, се граѓани на општина Бутел, рече Боби Бојчевски, претседател на Советот на општина Бутел.
Градоначалникот на Бутел, Петре Латиновски, пак, порача дека граѓаните заслужуваат тој да биде заедно со нив.
– Сите гласини дека е одлуката за изградба на крстот поништена не се точни, зошто иницијаторот не се повлекол од иницијативата за изградба, ниту, пак, побара некакви промени. Се надевам дека многу скоро ќе продолжат градежните работи, рече Латиновски.
Минатата недела, граѓани и активисти на ДУИ поставија шатори кај темелите на крстот во знак на протест против неговата изградба.Тие најавуваат дека ќе протестираат сè додека не им се исполнат барањата, а претходно на протест се собраа и во саботата.
Со граѓани