Печено пилешко со кари сос!ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:- 1000 грама Пилешко- 400 грама Печурки- 200 милилитри Млеко- Малку Црн пипер- Малку Сол- 30 грама Сенф- 3 лажицци Мед- 50 грама Путер- 100 милилитри Зејтин- 2 лажици Кари- 20 грама Брашно – 1/2 коцка супа
ПОДГОТОВКА: Ги мешаме сенфот, медот и карито. Додаваме малку сол и бибер. Додаваме 200 мл. зовриена вода во која сме ја раствориле половината коцка супа. Парчињата пилешко ги ставаме во тава и ги полеваме со зејтин. Преливот од зачини и супа го полеваме врз парчињата месо во тавата со месото. Печеме 45-50 минути на 200 степени. Во тавче за пржење го ставаме путерот, го додаваме брашното малку да се пропржи и непрекинато мешајќи го додаваме млекото. Се вари додека бешамел сосот не ја добие потребната густина. Се додава пола лажичка кари во прав. Во тавата со бешамелот ги додаваме шампињоните и преостанатиот сос од тавата каде се печеше месото и ги мешаме. Додаваме малку вода и го вариме додека не се подзгусне. Месото го ставаме на чинија и на крајот го полеваме со сосот или пак можеме да го ставиме месото директно во сосот и секому во чинијата да му сервираме од месото со сосот.
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и животни искуства, можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук, а може да станете и член од групата на Најадисе на Фејсбук каде може да споделите ваш омилен рецепт.ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:- 1000 грама Пилешко- 400 грама Печурки- 200 милилитри Млеко- Малку Црн пипер