Првиот ден на пролетта во 2016 година настапи на 20 март. Ова е прв пат од 1896 година сезоната за будење да нѝ дојде толку рано.Вернален еквиноциј, или поедноставно – пролетната рамноденица се случи во неделата, на 20.03.2016 година во 5.30 часот наутро.
За потсетување, пролетта инаку почнува на 21 март и тоа е денот кога подеднакво траат и денот и ноќта.
Годинава тоа е малку поинаку затоа што е престапна година.
Да појасниме, Земјата ротира околу Сонцето за 365,2422 дена. За да ја надокнадиме таа разлика од 0,2422 дена додаваме еден ден на секои четири години.
Но, тоа целосно не го решава проблемот. Додавањето на еден ден (29 февруари) на секои четири години доведе до големи проблеми во 1582 година, па беа промашени сезонските времиња за десетина дена. Затоа луѓето почнале да го следат грегоријанскиот календар во кој е дефинирано дека секоја престапна година е деллива со четири, освен годините делливи со 100 кај кои се престапни само делливите со 400.
Со тоа е решен голем календарски проблем!
И поради оваа необична годишна математика, астрономот Пол Кокс потврди дека ова е најраната пролет во последните 120 години:
„Ова е супер за оние коишто живеат на северната хемисфера, но значи и порано заминување на зимата за оние коишто живеат на јужната хемисфера.“Вернален еквиноциј, или поедноставно – пролетната рамноденица се случи во неделата, на 20.03.2016 година во 5.30 часот наутро.
За пот


