Прва љубов: Приказна која ќе ве воодушеви!

Имам еден пријател. Го познавам од прво одделение. Беше најдобро момче на училиште, бидејќи на секој одмор се играше  со мене и ме испраќаше кога ми беше страв да одам сама…Подоцна не ми беше толку мил. Престана да оди со мене дома и играше фудбал со други момчиња  за време на одморот. Кога и да ме здогледаше, се вртеше и зборуваше со пријателите.
Кога имав 11 години моите родители се разведоа. Не сакав никој да дознае за тоа. Но мојата мајк не можеше да ме гледа така тажна, па го побарала. Дојде и остана цел викенд. Лежевме на кревет и гледавме телевизија, плачеше скоро исто колку и јас. Потоа, повторно секој ден одеше со мене дома. Годините поминуваа. Беше со многу девојки, но јас бев таа која секогаш ја испраќаше дома. Во трета година средно училиште, за време на часот по математика, седев крај него. Гледав во него и неговите зелени очи. И во тој момент сфатив зошто мајка ми секогаш ми велеше дека очите се огледало на душата, тогаш посакав да бидеме нешто повеќе од пријатели, иако знаев дека тој тоа не го сака.

Следната година учествуваше во училишната претстава. Седев во првиот ред. Изгледаше неверојатно убаво у среќно- ми возврати на насмевката. Во тој момент повторно посакав да бидеме нешто повеќе од пријатели, но знаев дека тој тоа едноставно не го сака. Неколку седмици потоа една од моите пријателки му стана девојка. Сите зборуваа дека се одличен пар бидејќи и таа беше исто толку убава и атрактивна како него. Но јас бев онаа која секоја вечер ва возеше дома. Така една вечер останавме малку подолго во автомобилот- ми зборуваше дека тоа му е најубавиот период во животот. Погледнав во неговите очи и знаев дека е вистина тоа што го зборува. Посакав јас да бидам таа поради која го има најубавиот период во својот живот. Сакав да бидеме повеќе од пријатели, но знаев дека тој тоа не го сака.

Следниот ден на училиште требаше да пишуваме состав на тема „прва љубов“. Знаев за што сакав да пишувам но не смеев. Кога го погледнав својот најдобар пријател како се смеша со мојата пријателка, посакав јас да бидам таа за која ќе пишува во својот состав. Неколку седмици подоцна ме побара мојата пријателка да ми каже дека ја оставил. Таа вечер долго седевме во автомобилот. Разговаравме за нашите пријатели, за училиштето, музиката… Ми рече дека никогаш не ја сакал мојата пријателка. Во тој момент посакав да и каже дека мене ме сака. Времето минуваше. По матурата одлучи да замине на година дена во Канада. На забавата пред да замине ми рече дека јас сум неговата најдобра пријателка. Погледав во неговите прекрасни зелени очи и го бакнав во образ. Сакав да ми каже дека ме сака и дека сака да бидеме повеќе од пријатели, но знаев дека тој тоа не го сака. Времето минуваше…

Кога се врати, ми рече дека во Канада запознал девојка и дека сака да се жени. Ја запознав. Кога ме праша  што мислам за нејзе, му реков дека е многу убава. А тој на тоа ми рече дека ја пронашол љубовта на својот живот. Повторно посакав да бидеме повеќе од пријатели. Таа вечер последен пат ме возеше дома. За време на венчавката седев во првиот ред, а тој повторно стоеше под светло како на претставата, само што овој пат тоа беа светлата од црквата. Изгледаше прекрасно и среќно. Му се насмевнав, а тој ми возврати. Погледнав во неговите зелени очи и знаев дека е искрен. Во тој момент посакав јас да стојам пред олтарот со него.

По венчавката мојот пријател се пресели во Канада со својата сопруга. А јас останав… годините минуваа. Денес повторно стојам во црква.. на неговиот погреб. Дознавам дека по неколку години се развел од сопругата.

Нашата поранешна наставничка држи говор и спомнува како отсекогаш знаел прекрасно да пишува. Потоа почнува да чита еден дел од неговиот состав, кој го пишувавме додека бевме во четврта година средно училиште:„мојата прва љубов: Никогаш не ја погледнав таа девојка а да немав желба да ѝ кажам колку ја сакам. Гледам во нејзините прекрасни зелени очи и посакувам да бидеме повеќе од  пријатели, но знам дека таа тоа не го сака“…Подоцна не ми беше толку мил. Престана да оди со мене дома и играше фудбал со други момчиња  за време на одморот. Кога и да ме здогледаше, се

Пронајдете не на следниве мрежи: