Прва победа на ТЛЗП: Тијана маестрална во улогата на Лејди Гага

Тијана Дапчевиќ во втората епизода од четвртата сезона на музичкото шоу „Твоето лице звучи познато“ доби задача да ја имитира Лејди Гага. Нејзината изведба беше маестрална, а членовите од жирито ја опсипаа со зборови полни пофалби.Тијана откри дека ѝ е вистинска чест и задоволство да имитира светска дива од калибарот на Лејди Гага.
„Лејди Гага е инспиративна и провокативна. Добив ужасно тешка песна за изведба, но знам дека ќе ја исполнам одлично. Гага е врвен забавувач“, изјави Тијана пред да се појави на сцената во улога на пејачката која години наназад ги поместува границите во музиката на светско ниво.
 
Нејзината задача беше да го изведе настапот на Лејди Гага на песната „Мillion reasons“ на модното шоу на Викторија Сикрет во Париз.
Тијана блесна на сцената во светкав комбинезон со палто, а потоа во долг црвено-црн фустан, идентичен на оној на Гага. За време на настапот ја придружуваа најубавите српски манекенки во долна облека, кои водителката на шега ги нарече ангелите на ТЛЗП.
Погледнете го маестралниот настап на Тијана:
Тијана успеа да ја понесе победата во оваа епизода и со вкупно 82 поени досега се најде на првото место на листата со кандидати.

Во наредната епизода ќе ја видиме во улогата на Џастин Тимберлејк.
Тијана откри дека ѝ е вистинска чест и задоволство да имитира светска дива од калибарот на Лејди Гага.
„Лејди Гага е инспиративна и п

Пронајдете не на следниве мрежи: