Први ноември, светски ден на веганите: Еве што друго се случило на денешен ден

Во 1512 година, таванот на Систинската капела во Ватикан, насликан со фрески од Микеланџело, за прв пат ѝ е претставен на јавноста.Во 1952 Американците ја активираа првата пробна хидрогенска бомба на островот Ениветок во Тихиот Океан.
Во 1954 година во Алжир започнало востание против францускиот колонијализам, кое по 8 години резултирало со независност. По тој повод 1 ноември е прогласен за национален празник на Алжир.
1755 год. Лисабон го зафатија катастрофален земјотрес проследен со цунами, при што загинаа 60.000 луѓе.
На денешен ден во 1973 година, од ранжирната станица Трубарево тргна првиот електричен воз во Македонија.
Во 1946 година, Обединетите нации формираа Меѓународен фонд за помош на децата (УНИЦЕФ).
Во 1993 година стапува во сила Договорот од Мастрихт, со што се создава Европската Унија, а во 1998 година, пак, создаден е Европскиот суд за човекови права.
На овој ден во 1801 година е роден италијанскиот оперски композитор Винченцо Белини.
Денеска е и светскиот ден на веганите: Светскиот ден на веганите е настан кој се прославува секоја година на 1 ноември од страна на веганите низ целиот свет. Денот е воспоставен во 1994 година од страна на Луис Валис, претседател на Заедницата на веганите од Обединетото Кралство.Во 1952 Американците ја активираа првата пробна хидрогенска бомба на островот Ениветок во Тихиот Океан.
Во 1954 година во Алжир започнало в

Пронајдете не на следниве мрежи: