Според објавата на локалниот лист „Прованс“, во авионот се наоѓале 148 патници и членови на екипажот, а според информациите на светските медиуми, во близина на едно село веќе се пронајдени првите остатоци од авионот.Претседателот на Франција, Франсоа Оланд, претходно рече дека не очекува дека ќе има преживеани.
По повод падот на авионот, на медиумите им се обрати и францускиот премиер Мануел Валс, а министерот за внатрешни работи Бернар Казнев се упати на лице место. Валс на новинарите им рече дека сѐ уште не е позната причината за падот на авионот.
Die Anzeigetafel am Flughafen Düsseldorf. Foto: Uwe Wojtuschak #4U9525 pic.twitter.com/AdfvjdZkdp
— Gonne Garling (@Gonne_Garling) March 24, 2015
Авионот летал од Барселона кон Дизелдорф, а се урна во француските Алпи помеѓу општина Дињ и Барселонет, 100 километри северно од Ница. Авионот бил стар 24 години.
Според информациите на странските медиуми, најново е дека ниту еден патник и член на екипажот не го преживеале падот.
Од германската компанија, која како нискотарифна компанија работи во рамките на Луфтханза, беше соопштено дека засега нема информации за падот на авионот.
Претседателот на Франција, Франсоа Оланд, претходно рече дека не очекува дека ќе има преживеани.
По повод падот на авионот, на медиумите им