Првиот официјален портрет на војводката од Кембриџ, или принцезата Кејт Мидлтон беше претставен денес во Националната галерија на портрети во Лондон.
Портретот е дело на познатиот Пол Имсли кој го направи портретот на Нелсон Мандела. Тој ја претставува насмеаната принцеза на црна позадина.
Објаснето со зборови звучи одлично, но кога ќе го погледнете портретот нешто не е како што треба. Принцезата изгледа доста постаро и малку вештачки.
Наводно, Кејт изјавила дека портретот и се допаѓа а тоа го потврдил и нејзиниот сопруг, принцот Вилијам.
Што мислите вие? Ви се допаѓа?
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.П