Американскиот новинар Дејвид Оно патувал ширум светот за да ги истражи легендите за вампирите. Тој открил дека легендата воопшто не потекнува од романот „Дракула“на Брам Стокер, нити од Романија, туку од другата страна на Дунавот – во Србија.Првиот вампир за кој зборуваат историските книги е закопан на изолирани гробишта во селото Кисељево, каде се наоѓаат десетина стари споменици без написи, за кои само селаните знаат.
Под еден од нив лежи Петар Благојевиќ, за кој во 1725 година е запишано дека ќе стане од гробот и ќе ги лови селаните. Тој успеал да ги пронајде неговите потомци и да поразговара со нив како е да се биде потомок на првиот познат вампир во историјата.
– Никогаш не се зборува за Петар вели неговиот потомок и додава дека во селото се избегнува било каков разговор за тоа дали е тој потомок на вампир. Австрискиот воен хирург Џон Флакингер е одговорен за создавањето на првото вампирско лудило во 1732 година.
Тој заедно со војниците пристигнал во Србија за да бара докази за постоењето на вампирите. Во својот извештај пишува дека присуствувал на ископувањето на гробот и забивањето колец во трупот на осомничениот. Офицерите тогаш ги задолжиле локалните Роми да ги сечат главите на потенцијалните вампири, да ги запалат нивните тела, а пепелта да ја фрлат во реката Морава.
Флакингер во извештајот за прв пат го користи терминот „вампир“, а наведува дека суштеството вреска и крвари. А, легендите и понатаму живеат. Минатата зима во изолираното планинско село Зарожје изби паника поради можно појавување на вампири.
Имено, покривот на со векови стара воденица се урнал. Настанот, потполно безначаен за остатокот од светот, ги вознемири селаните кои помислиле дека во нивното село се појавил вампир, бидејќи според нивната традиција вампирите живеат во воденици.
Првиот вампир за кој зборуваат историските книги е закопан на изолирани гробишта во селото Кисељево, каде се наоѓаат десетина стари споменици без н
Пронајдете не на следниве мрежи: